Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Архитектот Гзим Пачаризи одржа предавање за студентите на УЈИЕ

Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа имаа чест да присуствуваат на инспиративното предавање што го одржа меѓународно познатиот архитект Гзим Пачаризи, основач на студиото Пачаризи. Темата на предавањето, кое се одржа во четвртокот (28.11.2024 год. ), беше „Архитектонска идеја“ со кое на студентите им даде длабински увид во креативниот процес зад изградбата на архитектонски проекти.

Во текот на презентацијата, Пачаризи ги сподели своите богати искуства од проектите реализирани во Швајцарија, во Албанија и во Косово, нагласувајќи ја важноста на културниот контекст и на локалниот идентитет во развојот на архитектонската идеја. Тој нагласи дека архитектурата е повеќе од само градба: таа е начин на раскажување приказни и создавање простори кои го подобруваат животот на луѓето.

На крајот од предавањето, студентите имаа можност да поставуваат прашања и да разговараат со архитектот, поткренувајќи теми како што се предизвиците на современата архитектура, влијанието на технологијата врз процесот на дизајнирање и балансот помеѓу естетиката и функционалноста. Отворениот дијалог го докажа интересот и посветеноста на студентите подетално да го истражуваат светот на архитектурата.

Деканот на Техничкиот факултет, проф. Ракиб Амдиу му врачи плакета и монографија на архитектот Пачаризи во знак на благодарност за предавањето одржано за студентите.

Оваа активност означува уште еден важен момент во академскиот календар на Универзитетот, зајакнување на врските меѓу студентите и истакнатите меѓународни експерти.

Google+