Во воведното обраќање ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, истакна дека Универзитетот полни 23 години, токму во месецот кога славиме и други значајни датуми за нашата заедница, како што се Азбуката на албанскиот јазик, Декларацијата за независност на албанската држава и нашето национално знаме.
„УЈИЕ продолжува со процесот на хоризонтална академска експанзија продолжува успешно, во согласност со барањата на пазарот на трудот. Третата генерација на Факултетот за здравствени науки со две додипломски програми, забележува зголемување од 65 % во споредба со првата генерација. Тековно работиме на создавање на терапевтски центар за студентска практика- SEEU Life, но и за услуги во заедницата во средина со одлични услови за работа. Програмата за Архитектура и дизајн, со сите специфични потпрограми во 10-семестрални интегрирани студии ја надминува бројката од 300 студенти. Тоа ја наметна потребата од создавање на посебен факултет, за технички науки, процес кој беше успешно завршен во јуни годинава. Покрај овие два факултета со висок раст годинава, за пријатно изненадување, висок раст од над 40% во однос на претходната година оствари и Факултетот за БЕ.“ истакна ректорот Беџети во своето обраќање.
„УЈИЕ успешно го продолжува своето патување како единствен тријазичен универзитет, со 45 студиски програми за додипломски студии и студии од вториот циклус, 2 специјалистички програми и 12 студиски програми од третиот циклус, со вкупно над 4.500 активни студенти и приближно 3.000 неактивни студенти како ние ги нарекуваме студентите со стагнација во студиите. Преку континуирано преструктурирање на програмите, овој број значително ќе се консолидира, фокусирајќи се на нови програми во согласност со барањата на пазарот на трудот. Сметам дека академската „длабочина“ на учење е многу поважна од „широчината“ на програмите и профилите“ кажа меѓу другото ректорот Беџети„УЈИЕ го отелотворува овој дух на континуирана еволуција, приспособувајќи се на потребите на нашите студенти и на светот кој постојано се менува. Како што наклонот на Земјата обезбедува рамнотежа во природата, УЈИЕ се стреми кон рамнотежа меѓу академската строгост и практичната примена, осигурувајќи дека нашите дипломци се добро подготвени за предизвиците во нивните кариери“ рече во обраќањето претседателот ан Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Клаус Тохтерман.
Во рамките на церемонијата, ректорот и претседателот на Одборот на Универзитетот симболично им доделија персонализирани подароци и признанија на вработените кои имаат 20 и 10 години работно искуство на Универзитетот. Беа доделени и благодарници на личности кои придонеле за интернационализација и развој на Универзитетот.
На свеченоста по повод 23-годишнината на Универзитетот беа промовирани докторандите од генерацијата 2023-2024 година, кои свечено ги примија дипломите.
Претседателот на Студентското собрание и асоцијација Мевлан Адеми во своето излагање им честиташе на вработените за посветеноста на студентите, а особено на ректорот Беџети, на кого симболично му врачи плакета во знак на благодарност.
За уметничката страна на церемонијата се погрижи дувачкото дуо - Дритон Беќири и Арѓира Чолаку.
