Главно обраќање имаше ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој ја истакна важноста на образованието и улогата на наставниците во обликувањето на општеството. Тој истакна дека за една образовна институција како што е УЈИЕ, овој ден има посебно значење, бидејќи го означува почетокот на оживувањето на националната свест преку образованието. „Ова се најдобрите моменти да се одрази дека во денешни услови на слобода, речиси идеални за оваа мисија што ја извршуваме, не сме доволно свесни дека за овие вредности некој се жртвувал и истите треба да се зачуваат и негуваат“, нагласи ректорот Беџети.
Историски осврт на овој ден и придонесот на образованието во националниот развој имаше деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации, проф. д-р Демуш Бајрами. „Ова не е само ден за почитување на наследството на оние кои ги поставија темелите на нашиот образовен систем, туку и момент за размислување за тоа колку далеку треба да одиме“ рече меѓу другото деканот Бајрами.
Уметничкиот дел од манифестацијата беше подготвен од маестро Јетон Пустина, со интерпретација на солистите Лира Стафај и Севдије Рушити и беше збогатено и со традиционалното оро „Малесорија“, на кореографот Елез Мема, презентирано од групата игроорци на КУД „Џеладин Зеќири“.
Настанот го водеше студентката Хава Насуфи и се карактеризираше со празнична и инспиративна атмосфера, при што беше истакната важноста од зачувување и промовирање на образовните и на културните вредности.
