Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ја завршува годината со новости и успеси – прес-конференција на ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети

Тетово, 20. декември 2024 год. – Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес ја одржа традиционалната прес-конференција на крајот од годината, споделувајќи ги клучните достигнувања на Универзитетот и плановите за иднината.

Ректорот Беџети објави дека УЈИЕ постигна историски чекор, започнувајќи со работа на Факултетот за технички науки, седмиот факултет во рамките на Универзитетот, со што се заокружува академската понуда во две стратешки области: здравствени науки и технички науки. Овие програми одговараат на зголемената побарувачка на пазарот на трудот и претставуваат значаен развој за Универзитетот и за регионов.

Според податоците претставени од ректорот Беџети, УЈИЕ забележа раст од 7,5% во уписите оваа година, рекорд постигнат преку проширување на академската понуда и зголемениот интерес за Факултетот за здравствени науки и за Факултетот за бизнис и економија. Кампусот во Тетово го врати интересот во Полошкиот регион со раст од 25%, додека Кампусот во Скопје остана стабилен со 30% од вкупниот број студенти. Ректорот, исто така, го истакна зголемувањето од 3% на бројот на студенти кои следат настава на македонски јазик во споредба со минатата година, достигнувајќи 12% од вкупниот број на запишани студенти.

УЈИЕ постигна напредок во квалитетот и квантитетот на научните публикации, од кои 30% се објавени во престижни меѓународни списанија. Универзитетот, исто така, обезбеди финансии од мултилатерални и билатерални донатори, достигнувајќи врв со вклучување во алијансата на проектот „EU Challenge “. Во фокусот на овој значаен проект, со буџет од 1,2 милиони евра за УЈИЕ за следните четири години е создавање дигитална платформа со целосна стандардизација се до вештачка интелигенција. Во рамките на проектот се нуди можност за продолжување за уште четири години.

Една од најзначајните иновации за годината беше Програмата „700 акцелератор“, која има за цел зајакнување на стартапите и поттикнување на претприемништвото во регионов. Ректорот Беџети истакна дека целта на овој Центар за иновации и соработка, развиен од Бизнис центарот за иновации е да се промовираат одржливи решенија и да придонесе за економскиот раст на земјава и на регионов.

На крајот од својот говор, ректорот Беџети ја истакна долгорочната финансиска одржливост на УЈИЕ и нагласи дека доделениот буџет останува непроменет и покрај политичките ротации, докажувајќи ја стабилноста и стратешката визија на институцијата.

На годишната конференција се истакнаа големите достигнувања на УЈИЕ и се покажа посветеноста да остане лидер во образованието и во научните истражувања во регионов и пошироко.

Google+