Изложбата беше официјално отворена од ректорот на УЈИЕ, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој во своето обраќање ја нагласи важноста на технолошкиот развој и неговото влијание на животите и професиите на иднината.
„Живееме во ера кога нашите животи стануваат полу-виртуелни, а во блиска иднина ќе станат уште повеќе виртуелни. Голем дел од работата ќе се извршува од дома. Ова е и вашата мисија, а проектите кои ќе ги создадете во иднина ќе се приспособат на овие барања. Ова го научивте на Факултетот и ова е вашиот и нашиот придонес за одржлив и долгорочен развој,“ изјави ректорот Беџети.
На изложбата беа претставени дела на студентите од програмите Архитектура и дизајн и Внатрешен дизајн. Студентите преку своите проекти демонстрираа креативност, технички вештини и иновации во своите области.
Овој традиционален настан не само што ја одразува посветеноста и академскиот напредок на студентите, туку претставува и можност за нив да ги споделат своите идеи и визии за иднината на архитектурата и дизајнот со јавноста и со професионалците во оваа област.
