Најнови информации
-
Објавен е Зборникот на трудови од Шестата меѓународна конференција за бизнис и економија
31 јануари 2024„Економско закрепнување, консолидација и одржлив раст“ е насловот на Зборникот на трудови презентирани во рамките на Шестата меѓународна конференција за бизнис и економија, кој деновиве излезе од печат и се совпадна со почетокот на новиот семестар, збогатувајќи го просперитетни академски ресурси за студентите и за истражувачите во оваа област.
-
Потпишан Меморандум за соработка со Фондацијата за балкански студии
30 јануари 2024Целта на Меморандумот е да се создаде рамка за соработка во областа на балканските студии, истражувањата и академскитe проекти.
-
Ректорот Беџети учествуваше на конференцијата за годината на европските можности - Целосната интеграција е процес без алтернатива
24 јануари 2024Во контекст на академскиот придонес и активното учество во важни општествени процеси, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествуваше на конференцијата „Година на европски можности“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, во Скопје.
-
УЈИЕ и Министерството за информатичко општество и администрација потпишаа Меморандум за соработка
22 јануари 2024Продлабочувањето на соработката со Универзитетот, проширувањето на активностите за соработка меѓу академскиот кадар и вработените во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), реализацијата на заеднички проекти, како и воспоставувањето на комуникациски мост меѓу институциите, беа дел од точките на Меморандумот за соработка меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Министерството за информатичко општество и администрација, што денес (22.01.2024 год. ), во Скопје го потпишаа ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и министерот Азир Алиу.
-
Во организација на Правниот факултет се собраа над 100 ученици од средните училишта во Скопје во рамките на Зимската правна школа
22 декември 2023Зимската правна школа беше настанот на кој се собраа над 100 средношколци од овој град во Кампусот на УЈИЕ во Скопје, со цел да ги запознае младите со основните концепти за правото. Во оваа организација учествуваа ученици од средните училишта, како што се: „Зеф Луш Марку“, „Цветан Димов“, „Арсени Јовков“ и Гимназијата од Сарај.
-
УЈИЕ ја заокружи годината со зголемување на бројот на новозапишани студенти и рекордни инвестиции во ИТ-инфраструктурата
22 декември 2023Зголемувањето на бројот на новозапишани студенти, проширувањето на академската понуда, зголемувањето на бројот на истражувачки проекти, стипендиите, транспарентноста и отчетноста беа дел од главните компоненти што ги истакна ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети на традиционалната прес- конференција со новинарите на крајот на годината што се одржа во четвртокот (21.12.2023 год.) во Тетово.
-
Ректорот Беџети, учесник на конференцијата за градење на институционалните капацитети на фискалните совети во земјите од Западен Балкан
20 декември 2023Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, како член на Фискалниот совет на РСМ, учествуваше на дводневната конференција (18. и 19. декември) што се одржа во Виена во организација на Светската банка и Европската комисија.
-
МЕВЛАН АДЕМИ - НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТУДЕНТСКOTO СОБРАНИЕ И АСОЦИЈАЦИЈА
15 декември 2023МЕВЛАН АДЕМИ - НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТУДЕНТСКOTO СОБРАНИЕ И АСОЦИЈАЦИЈА
-
Се одржа конференција за зајакнување на жените во Северна Македонија
7 декември 2023Во организација на Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа во партнерство со ХЕКИМА и Стопанската комора на жени, денес (07.12.2023 година) се одржа конференцијата на тема: „Зајакнување на жените во Северна Македонија: вклучување и иновации во претприемништвото“. Конференцијата беше поддржана од SlovakAid и проектот за економски раст на ЕУ (EU4EG), кофинансиран од Европската Унија, нарачан од германското федерално министерство за економски прашања и климатски активности, и имплементиран од ГИЗ и научниот парк АРЕА.
-
Академик Таки Фити одржа предавање за студентите на УЈИЕ
6 декември 2023Во организација на Факултетот за бизнис и економија, денес (06.12.2023 год.) пред студентите предавање одржа познатиот академик од областа на економијата, акад. проф. д-р Таки Фити, на тема: „Нобеловци за економија 1969 г. -2023 година, со акцент на последната нобеловка Клаудија Голдин“.
-
УЈИЕ и ИДКНА ќе потпишат Меморандум за заеднички докторски програми по културни, историски и албански науки
6 декември 2023Ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денеска (06.12.2023 година), на Универзитетот во Југоисточна Европа во Тетово, одржа средба со проф.д-р Скендер Хасанин, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
-
Предавање за студентите од заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство, Џулија Смит за зајакнувањето на жените во економијата
5 декември 2023Во организација на Факултетот за современи општествени науки, денес (05.12.2023 год.), делегација од Амбасадата на Обединетото Кралство, предводена од заменик-амбасадорката Џулија Смит остварија посета на УЈИЕ.
-
УЈИЕ ја одбележа 22. годишнината од основањето
17 ноември 2023Во присуство на вработените, студентите, членовите на семејствата, поканетите гости, Универзитетот на Југоисточна Европа на свечена церемонија денес (17.11.2023 година) ја одбележа 22-годишнина од своето основање. На оваа свеченост беа промовирани и новите доктори на науки.
-
Свечено беше отворена традиционалната манифестација „Денови на азбуката“
14 ноември 2023Во организација на Институтот за културно наследство, денес (14.11.2023 год.) во Скопје се одржа свеченото отворање на петтото издание на традиционалната манифестација „Денови на азбуката“, на која обраќање имаше ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
-
Научна конференција за творештвото на академик Луан Старова
9 ноември 2023Во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вчера (08.11.2023 година), во Скопје, се одржа меѓународна научна конференција посветена на творештвото на покојниот академик Луан Старова.
-
Професорот од УЈИЕ Али Пајазити ја доби наградата Амбасадор на мирот
8 ноември 2023Професорот од УЈИЕ Али Пајазити ја доби наградата Амбасадор на мирот
-
EMPOWER HER, EMPOWER OUR COUNTRY!
1 ноември 2023Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа започна кампања за поддршка на повеќе жени во претприемништвото и иновациите!
-
УЈИЕ им посакува добредојде на двајца нови истражувачи!
24 октомври 2023УЈИЕ го одржува трендот во обезбедување конкурентни можности за млади истражувачи и научници преку овозможување прилив на мозоци.
-
Се одржа тркалезна маса за циркуларната економија
10 октомври 2023Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа и Центарот за бизнис и иновации, во рамки на проектот кофинансиран од СловакАид, денес (10.10.2023) ја одржаа тркалезната маса на тема: „Циркуларна економија во Северна Македонија – препораки засновани на лекциите научени од Словачка“. На отворањето на тркалезната маса обраќања имаа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и амбасадорот на Словачка во Северна Македонија Ш.Т. Хенрик Маркус.
-
Истражувачите од УЈИЕ се единствените претставници од Северна Македонија на меѓународната конференција за економска соработка Албанија-Косово
7 октомври 2023На меѓународната научна конференција „Предизвиците и перспективите на економската соработка Косово-Албанија и регионов“ организирана од Академијата на науките и уметностите на Косово и Академијата на науките на Албанија во Приштина се собраа академици, научници и научни истражувачи да ги претстават своите трудови и ставови за економската соработка меѓу Албанија и Косово.