На оваа конференција, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, зборуваше за повеќедимензионалниот придонес на академик Луан Старова, особено во високото образование, истакнувајќи ја неговата посветеност и придонес како член на кадарот на УЈИЕ во првата деценија од работењето.
„Придонесот на академик Старова беше повеќедимензионален и за тоа најдобро сведочат неговите дела кои се познати не само во земјава, туку и на меѓународно ниво“, рече ректорот Беџети.
Академик Луан Старова беше познат романсиер, есеист, поет и дипломат, а во периодот 2002-2009 година беше дел од академскиот кадар на УЈИЕ.