Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и Министерството за информатичко општество и администрација потпишаа Меморандум за соработка

Продлабочувањето на соработката со Универзитетот, проширувањето на активностите за соработка меѓу академскиот кадар и вработените во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), реализацијата на заеднички проекти, како и воспоставувањето на комуникациски мост меѓу институциите, беа дел од точките на Меморандумот за соработка меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Министерството за информатичко општество и администрација, што денес (22.01.2024 год. ), во Скопје го потпишаа ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и министерот Азир Алиу.

Меѓу другото, во рамките на овој Меморандум предвидено изработката на наставни план- програми за студиски програми од областа на вештачката интелигенција, роботиката и автоматизацијата, како и конкретни обуки на јавната администрација од областа на јавното управување и дигитализацијата. Исто така, предвидено е вклучување на академскиот кадар во јавни дебати поврзани со предложените закони со цел да се добијат најдобри законски решенија според нивната стручност, како и ангажман како експерти во изготвување законски решенија и успешно реализирање на истите, заедничко учество и организирање на семинари, конференции и други академски активности.

Истиот меморандум го потпишаа сите јавни универзитети во Северна Македонија.

Google+