Најнови информации
-
Се одржа Економската олимпијада во УЈИЕ – Учесниците беа инспирирани и мотивирани
26 јуни 2023Тетово, 24 јуни 2023 година – Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово беше сведок на извонреден собир на економски ентузијасти додека се одвиваше настанот на Економската олимпијада на 24. јуни. Заеднички организиран од Институтот за либерална алтернатива и Иницијативата за економски фундаменти, а во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, овој целодневен настан се покажа како клучен дел од сеопфатната програма за економска писменост, поттикнувајќи ги учесниците со знаење и инспирирајќи ги да истражуваат нови хоризонти. Исто така, најдобрата студентка на натпреварот, Алма Ѓуреци, доби стипендија од УЈИЕ за студии на Факултетот за бизнис и економија.
-
Се одржа церемонијата на 19. генерација апсолвенти на УЈИЕ
17 јуни 2023На свечена церемонија, во присуство на родители, членови на семејствата, вработени и други гости, во сабота (17.06.2023 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа, беше промовирана 19. генерација апсолвенти.
-
50. јубилеен состанок на Одборот на Универзитетот
15 јуни 2023Одборот на Универзитетот го одржа 50. редовен состанок. На овој состанок му претходеше состанокот на Одборот за ревизија и управување со ризик кој главно ги води подготвителните работи за главниот состанок на Одборот.
-
Се потпиша договор за соработка меѓу УЈИЕ и болницата One hospital во Тетово
14 јуни 2023Соработката меѓу универзитетите и здравствените институции е важен чекор кон развојот на образованието и јавното здравство. Во оваа насока, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и болницата One Hospital постигнаа важен договор за партнерство во областа на образованието за медицински сестри.
-
Работилница на тема криминал од омраза на д-р Џим Лофтон
9 јуни 2023На 7. јуни 2023 година, во кампусот на УЈИЕ во Скопје се одржа еднодневна работилница поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На работилницата учествуваа избрани групи студенти од УЈИЕ, УКИМ и УГД.
-
Средба на ректорот Абдулменаф Беџети со вицепремиерот Бојан Маричиќ
8 јуни 2023Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети денеска (08.06.2023 год.) оствари средба со вицепремиерот за европски прашања во Владата на Северна Македонија, Бојан Маричиќ. Целта на средбата беше да се продлабочи соработката за да се обезбеди рамка која ќе биде вклучена во капацитетот на експертите во процесот на членство на Северна Македонија во Европската Унија.
-
Плакета на УЈИЕ за долгиот придонес на проф. Злат Миловановиќ
6 јуни 2023На комеморацијата по повод на смртта на проф. Злат Миловановиќ, сопруг на поранешната амбасадорка Џилијан Миловановиќ, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети учествуваше на приемот што се одржа во Скопје, организиран од семејството на починатиот.
-
Д-р Дина Модестус Нзику одржа предавање пред студентите на УЈИЕ
26 мај 2023Во организација на Факултетот за бизнис и економија, д-р Дина Модестус Нзику, предавач на Универзитетот во Западна Шкотска, Шкотска. одржа предавање пред студентите во четврток (25.05.2023).
-
Ректорот Абдулменаф Беџети заедно со директорот на ИМВДШ, Вели Креци и Менан Селим го посетија престижниот Универзитет во Бирмингем
25 мај 2023Универзитетот на Југоисточна Европа ја продлабочува соработката со престижни меѓународни универзитети и се позиционира како универзитет модел кој покрај образовната активност влијае и на многу процеси кои и помагаат на заедницата.
-
Во УЈИЕ се одржа Саемот за децата со посебни потреби
22 мај 2023И оваа година, Факултетот за јазици, култури и комуникација (ФЈКК), при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), во понеделник (22 мај 2023 год.) го организираше Саемот за децата со посебни потреби.
-
Се одржа панел-дискусија за (не) родова еднаквост врз призмата на правата на сопственост и економското насилство врз жените
18 мај 2023Во организација на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес (18.05.2023 год.) се одржа панел-дискусија на тема родова (не)еднаквост врз призмата на правата на сопственост и економското насилство врз жените.
-
Се одржа докторска конференција по албански и англиски јазик и литература на УЈИЕ
18 мај 2023На Факултетот за јазици, култури и комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се одржа докторска конференција на која докторандите, во присуство на нивните ментори и членови на академскиот совет на овој факултет ги презентираа досегашните достигнувања од нивната научноистражувачка работа од областа на албанскиот и на англискиот јазик и литература.
-
УЈИЕ и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа договор за отворање на Лабораторија за виртуелна реалност за архитектура
16 мај 2023Во рамките на предизвикот за вопоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MakerSpace, денес (16.05.2023 год.) во Скопје, на свечена церемонија, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети го потпиша Договорот со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили за отворање на новата лабораторија за архитектура.
-
Над 100 научни трудови на 6. меѓународна научна конференција за бизнис и економија
12 мај 2023Реномирани меѓународни истражувачи и истражувачи од регионов и земјава учествуваа на 6. меѓународна научна конференција за бизнис и економија со клучна тема „Економско закрепнување, консолидација и одржлив раст: од криза во криза, докази, дискусии и перспективи“ што се одржа денес (12.05.2023 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Факултетот за бизнис и економија.
-
Се одржа работилницата за Националната развојна стратегија
11 мај 2023Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува да дава социјален придонес во сите сегменти на институционалниот развој. Во однос на ова, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (11.05.2023), во Скопје, учествуваше на Работилницата на тема „Национална развојна стратегија“, на која учествуваат експерти од различни области, МАНУ и академската заедница, високи претставници на различни владини институции од приватниот сектор, стопански комори, меѓународни донатори и други вклучени страни.
-
УЈИЕ и АЛПАК-ЕКО потпишаа меморандум за соработка со цел промовирање на добри практики за животната средина
9 мај 2023Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува да ја проширува соработката во различни сфери, особено во областа на стопанството за да создаде можности за вклучување на заедницата.
-
Над 60 компании учествуваа на Саемот за кариера што се одржа во УЈИЕ
9 мај 2023Околу 60 познати компании учествуваа на Саемот за кариера, кој се одржа денес (09.05.2023 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Центарот за кариера.
-
Успешна приказна на УЈИЕ во 20. годишната понуда на италијанскиот јазик и култура
8 мај 2023Во организација на Амбасадата на Италија, денес (08.05.2023 година) во Скопје се одржа Националната конференција за италијанскиот јазик во Северна Македонија, на која учествуваа бројни истакнати претставници на образовните и културните институции, на општините, како и познавачи и љубители на италијанскиот јазик од повеќе професионални области.
-
Се одржа „Отворен ден“ за матурантите на УЈИЕ
5 мај 2023Матуранти, родители и професори денес (05.05.2023год.) учествуваа на традиционалната манифестација за промоција на академската понуда „Отворен ден“, што се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа. За време на оваа активност, матурантите, кои беа во голем број, имаа можност на презентациите организирани од шесте факултети на УЈИЕ директно да слушнат за понудата која годинава е проширена и со нови студиски програми: Политехника, Внатрешен дизајн, Наука за податоци, Образование и Психологија.
-
Се промовираше книгата „Маркетинг стратегии“ од авторите Наил Решиди и Гранит Баца
3 мај 2023Во организација на Факултетот за бизнис и економија, денес (03.05.2023) на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа промоција на книгата „Маркетинг стратегија“ од авторите Наил Решиди и Гранит Баца.