Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

50. јубилеен состанок на Одборот на Универзитетот

Одборот на Универзитетот го одржа 50. редовен состанок. На овој состанок му претходеше состанокот на Одборот за ревизија и управување со ризик кој главно ги води подготвителните работи за главниот состанок на Одборот.

На почетокот на состанокот, членовите на Одборот беа информирани од претседателот за масовните сајбер - напади што ги претрпеле германските образовни институции. Неговата институција, библиотеката во градот Киел била една од нападнатите институции. Ваквото искуство го споделуваме и со сајбер-нападите во РСМ кои предизвикаа многу проблеми во различни институции. Општа препорака е дека Универзитетот треба да се погрижи успешно да се справи или да се заштити од вакви разорни напади.

Средбата продолжи со презентација на Извештајот за напредокот од Ректорот. Во однос на контекстот на ВО, иако имаше иницијатива за промена на Законот за ВО, тој не е променет. На универзитетско ниво забележани се доста случувања. Едно од најважните е тоа што за прв пат од 2001 година платите на сите вработени во редовен работен однос се покачени од минатиот јануари. Според Вебометрикс, Универзитетот продолжува да го држи истиот ранг како треторангиран универзитет во РСМ. Просечното присуство на студентите за тековниот семестар е 73,6 %. Универзитетот продолжи со нови акредитации како што се студиските програми -Политехника, Внатрешен дизајн и Општествени науки. Со цел да го подмладиме академскиот кадар, продолжуваме да таргетираме млади талентирани истражувачи со меѓународно искуство за да ги ангажираме. Новиот Конкурс за студенти е објавен и очекуваме квалитетните пријавени кандидати да ги имаат предвид угледот на институцијата и стипендиите што ги нудиме. Во рамките на оваа академска година имавме 189 истражувачки публикации што е квалитативен чекор напред. Во однос на мобилноста, Универзитетот има зголемен број на студенти и вработени кои доаѓаат. Учеството на вработените во проекти оди многу добро. Тековно имаме 25 активни проекти со буџет од 725.000 € за УЈИЕ. Инвестициите, исто така, се реализираат според планираното. Во реализација е набавката на центарот за податоци во износ од 192.000 €. Друга голема инвестиција е набавка на 350 десктоп компјутери во износ од 250. 000 €. Уште една инвестиција е изградбата на постројка за соларни панели со капацитет од 330 KWh која е во фаза на добивање лиценца од Општината. Членовите на Одборот со задоволство ја примија веста за постигнатиот напредок кој ги надминува планираните цели во многу области.

Во следната точка, ректорот го презентираше напредокот во реализацијата на буџетот на Универзитетот за тековната академска година, за периодот 1. септември 2022 – 31. мај 2023 година. Вкупните приходи од оперативниот буџет остварени за овој период изнесуваат 4.401.200 €- реализација од 77, 79 % од планираниот буџет. Вкупните остварени оперативни буџетски расходи изнесуваат 3.967.795 €- што претставуваат реализација од 71,90% од планираниот буџет. Остварениот буџетски суфицит изнесува 433.405 €-, што е значително подобрување во споредба со планираниот буџетски суфицит кој изнесува 139.256 €.-. Се подобрува и готовинската состојба на Универзитетот. Споредбата на месец мај во 2022 и 2023 година покажува дека готовината оваа година изнесува 5.084.789 €- споредено со готовината во мај 2022 година што изнесуваше 4.835.708 €- . Беше забележан напредок во буџетот и раководството на Универзитетот доби пофалби за претпазливо управување со готовина.

Во продолжение на средбата претседателот го презентираше ревизорскиот извештај за фискалната 2022 година од надворешните ревизори на РСМ Македонија. Ревизорскиот извештај покажува дека финансиските извештаи на Универзитетот се целосно составени во согласност со сметководствените принципи. Ревизорскиот извештај беше едногласно усвоен.

Следна точка која се дискутираше беше предлог - буџетот за новата академска 2023/2024 година. Новиот буџет ја следи конзервативна линија во делот на приходите, а во исто време овозможува инвестиции и развојна димензија на институцијата. Вкупните буџетски приходи за 2023/24 година се планирани на 5.982.539 € додека вкупните буџетски расходи се предвидени на 6.175.956 €- предвидувајќи дефицит од 193.417 € како резултат на капитални инвестиции од 580.000 € планирани во следната фискална година. Одборот едногласно го усвои новиот Буџет на Универзитетот за 2023/2024 година.

Покрај горенаведените точки, Одборот се согласи Универзитетот да склучи ко-основачки договори со општините во Полог во врска со основањето на Фондацијата iCan во Гостивар и Центарот iCare во Тетово.

Следниот состанок на Одборот се очекува да се одржи на 17. ноември кога Универзитетот ќе ја одбележи 22. годишнина од основањето.

Google+