Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Абдулменаф Беџети заедно со директорот на ИМВДШ, Вели Креци и Менан Селим го посетија престижниот Универзитет во Бирмингем

Универзитетот на Југоисточна Европа ја продлабочува соработката со престижни меѓународни универзитети и се позиционира како универзитет модел кој покрај образовната активност влијае и на многу процеси кои и помагаат на заедницата.

Во овој контекст, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, заедно со директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“ (ИМВДШ), проф. д-р Вели Креци и д-р Менан Селими, виш научен соработник, во средата и четвртокот (24. и 25. мај) остварија посета за соработка во Универзитетот во Бирмингем.

Целта на посетата е да се продлабочи соработката во областа на животната средина (како што е загадувањето на воздухот во Тетово) и да се подигнат истражувачките и академските капацитети во оваа област.

За време на посетата, делегацијата на УЈИЕ оствари средби со значајни претставници на Универзитетот во Бирмингем, како што се: директорот на Канцеларијата за меѓународна соработка, д-р Алан Мекинли, со директорот за постдокторски истражувања на Катедрата за политички науки и меѓународни студии, проф. Питер Кер, со директорот на Институтот за глобални иновации, проф. Џонатан Редклиф и други претставници на Универзитетот во Бирмингем.

УЈИЕ и Универзитетот во Бирмингем ги испитуваат можностите за развој на соработка и во други области, како што се креирање докторски студии и создавање заеднички истражувачки групи во оваа интердисциплинарна и сеопфатна област не само во земјава, туку и во регионов.

За време на посетата, на делегацијата од УЈИЕ и се придружи магистрандката Лејла Адеми, која е испратена од УЈИЕ на интензивно студирање на едногодишна програма и има добиено студентска стипендија од Универзитетот во Бирмингем, наменета исклучиво за Универзитетот на Југоисточна Европа.

Универзитетот во Бирмингем е рангиран меѓу врвните 5 најдобри универзитети во Велика Британија.

Google+