Церемонијата ја отвори претседателот на Одборот на Унверзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Клаус Тотерман, кој го опиша овој ден како многу важна пресвртница во животот на сите.
„Ве молиме споделете го со другите знаењата што сте ги стекнале на УЈИЕ. Ако го направите ова, ќе ја исполните големата желба на УЈИЕ: ќе го искористите она што сте го научиле не само за своја корист, туку и за корист на другите. За оние кои немаат среќа како вас“, рече меѓу другото во воведниот говор претседтелот на Одборот Тотерман.
„Ова место, каде што сум денес, направи да се чувствуваме како дел од Европа пред 20 години, со условите, стандардите и можностите за студирање што ги има овој универзитет. Знам дека ве очекуваат многу нови достигнувања на личен и на професионален план бидејќи сте амбициозна генерација, која ќе донесе големи придобивки за земјата и општ просперитет на општеството. Оправдајте ја дипломата што ја добивте на еден од најпопуларните и најсовремени универзитети во нашата земја“, рече меѓу другото во својот говор министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири.
Во својата традиционална порака, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. Проф. д-р Абдилменаф Беџети, на студентите им порача дека во животот ќе имаат многу моменти полни со емоции, позитивна енергија, ентузијазам и страст, но овој ден засекогаш ќе остави карактеристични траги во вашето сеќавање.
„Вие сте ѝ19. генерација, која нумерички изнесува вкупно 27.000 студенти пријавени кумулативно, во сите три студиски циклуси, вклучувајќи ги и оние кои моментално имаат студентски статус; и околу 16.000 дипломирани студенти (13.000 на додипломски студии; 2.600 на магистерски студии и 270 на докторски студии). Овде предавале или предаваат стотици професори и предавачи од земјава и регионов, како и меѓународни професори. Организирани сме во шест факултети, три центри и три институти, со вкупно 80 студиски програми, во три циклуси, поддржани од целосни административни и логистички кадри и сите дадоа и продолжуваат да придонесуваат за оваа заедница која денес ве слави “, истакна ректорот Беџети.
„Денес не е како вчера и утре нема да биде како денес. Ова е точно во однос на промените што се случуваат во општествата низ нашата планета. Како што општествените движења денес и утре веќе не се во круг или квадрат, ниту во одредена географска област, така и професиите нема да бидат вечни. Експоненцијалните промени што се случуваат ќе ве одведат до одреден агол на планетата, исто како што утре ќе се бара од вас да решавате проблеми што не се вклопуваат во традиционалните наставни рамки. Затоа, концептите на критичко размислување и решавање на проблеми беа, а и ќе останат, основни постулати врз кои се гради системот на настава и учење на УЈИЕ. Барем знаеме што сакаме. Пазарот ќе покаже утре до кадеколку сме успеале“ рече меѓу другото во своето обраќње ректорот Беџети.
Во име на студентите на генерацијата говор одржа студентот Мираџ Лика од Факултетот за современи науки и технологии, кој им се заблагодари на родителите и на професорите за нивниот придонес во постигнувањата.
За уметничкиот дел на церемонијата беа ангажирани познатата рок група од Тетово „Елита 5“ и проф. Агим Пошка, кој ја отпеа универзитетската песна „Глас на знаењето“.
