Најнови информации
-
Претставници на Северозападен државен универзитет на Мисури го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа
14 ноември 2022Претставници на Државниот универзитет на Северозападниот дел на Мисури (Северозападен државен универзитет на Мисури), од САД, денес (14.11.2022 год.) го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа и остварија средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
-
УЈИЕ и Министерството за информатичко општество потпишаа Меморандум за соработка
3 ноември 2022Академскиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе соработува со Министерството за информатичко општество и администрација, обезбедувајќи им на вработените податоци од истражувања, стручни анализи, предлози, научни заклучоци и стручна литература.
-
Се одржа информативна сесија за можностите за студирање во САД
2 ноември 2022Во организација на Канцеларијата за меѓународна соработка, при Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (2. ноември) беше организирана информативна сесија за студентите и за вработените за можностите за студирање во САД.
-
Министерот Спасовски одржа предавања за студентите на УЈИЕ за усогласување на законодавството со законодавството на ЕУ
31 октомври 2022„Усогласување на законодавство во РСМ со европските стандарди и прописи во рамките на МВР“, беше темата на предавањето на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, што го одржа денес (31.10.2022 год.) , за студентите на Универзитетот на ЈИЕ, организирано од Студентското собрание и асоцијација и Правниот факултет.
-
Се потпиша меморандум за соработка за привлекување потенцијални студенти од Блискиот Исток
25 октомври 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и почесниот генерален конзул на Република Северна Македонија во Сирија, г. Мазен И. Хамур , денес, (25.10.2022 година) го потпишаа Меморандумот за соработка за интернационализација на студиските програми.
-
Дебата за енергетската и инфлационата криза во организација на Студентското собрание и асоцијација
18 октомври 2022„Енергетска и инфлациона криза“, беше темата на панел -дискусијата, организирана од Студентското собрание и асоцијација, што се одржа денес (18.10.2022 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Ректорот Беџети го претстави уникатниот функционален модел на УЈИЕ на меѓународната конференција за високо образование во Косово
14 октомври 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во четвртокот (13.10.2022 год.) во Приштина, учествуваше на Втората годишна конференција за високо образование во Косово.
-
Свечено отворен новиот Факултет за здравствени науки
5 октомври 2022Со сечење на лентата од страна на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџет и министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес (05.10.2022) свечено беше отворен новиот Факултет за здравствени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
За прв пат во Полошкиот регион се одржува Саемот за социјално претприемништво
5 октомври 2022Во присуство на голем број компании и претставници на јавни институции, како и студенти, денес (5.10.2022 г.) во УЈИЕ се одржа Саемот за социјални претприемачи во организација на Агенцијата за поддршка на бизниси – ЕСА Тетово во соработка со Центарот за бизнис и иновации и Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа, како и со Економско-социјалниот совет на општина Тетово.
-
Извештајот на Светска банка за Северна Македонија се презентирање во УЈИЕ
28 септември 2022Претставниците на Светска банка, во средата (28.09.2022 година), во УЈИЕ, пред студентите и вработените, го презентира најновиот извештај за Северна Македонија, насловен: „Извештај за трговската конкурентност и ефективноста на државната помош на Северна Македонија“
-
Членови на Сирискиот уставен комитет го посетија УЈИЕ
27 септември 2022Членовите на Сирискиот уставен комитет, како дел од студиската посета на Северна Македонија, организирана од Европскиот центар за курдски студии во Берлин во соработка со Институтот за федерализам на Универзитетот во Фрибург, во вторник (27.09.2022 година), го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Акад. Проф. Др. Абдулменаф Беџети е избран за претседател на Интеруниверзитетската конференција на Република Северна Македонија
22 септември 2022Интеруниверзитетската конференција на Северна Македонија, на седницата одржана на 22.09.2022 година го избра Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети за нов претседател на оваа институција. Мандатот на Академик Беџети, започнува од 1 октомври и трае 2 години.
-
УЈИЕ партнер во новиот проект на Хоризонт Европа Ideal-Ist
22 септември 2022Универзитетот на Југоисточна Европа ќе биде активен партнер во новиот проект на Хоризонт Европа кој започна овој септември. УЈИЕ ќе учествува во сите работни пакети со главни форуми на WP2, координирани од вон. проф.д-р Адриан Бесими, НТК од Северна Македонија.
-
Се потпиша договор за соработка помеѓу УЈИЕ и Универзитетот „Хаџи Зека“
21 септември 2022Договорот за соработка беше потпишан во средата (21.09.2022 г.), во УЈИЕ во Скопје, од страна на ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и ректорот на Универзитетот „Хаџи Зека“, проф. д-р Арманд Красниќи.
-
На УЈИЕ се организираше традиционалниот прием на студентите од прва година
21 септември 2022На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и во Скопје во рамките на Ориентационата недела, денеска (21.09.2022) беше организиран традиционалниот прием за студентите од прва година, со кој воедно се означува почетокот на новата академска 2022-23 година.
-
Во УЈИЕ се одржува симпозиум за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија
19 септември 2022Во рамки на дводневниот симпозиум (19-20, 2022 година) во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа, претставници на Универзитетот, државни институции, претставници на компании, претседателот и членовите на одборот на Фондацијата на семејството Шамс и група од 10 инвеститори од САД ќе разговараат за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.
-
Ректорот Беџети учествуваше на 13. Меѓународен симпозиум за здравствени науки во Приштина
19 септември 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети учествуваше на 13. Меѓународен симпозиум за здравствени науки, кој се одржа во петокот (17.09.2022 година) во Приштина, во организација на Институтот за социјална политика на Југоисточна Европа во соработка со Колеџот Хајмерер. Главната тема на симпозиумот беше: „Иновациите и технологијата во здравствените науки“, а учествуваа претставници и истражувачи од интердисциплинарните области на здравствените и општествените науки од десетици западноевропски земји, САД и Бразил.
-
Традиционалната обука за трансформација и развој на Универзитетот за да одговори на потребите на новите генерации се одржува на УЈИЕ
14 септември 2022„Посветени на успехот на студентите: Трансформација и развој на Универзитетот за задоволување на потребите на новите генерации”, е централната тема на традиционалната дводневна обука на академскиот и на административниот кадар, што се одржува на Универзитетот на Југоисточна Европа, денес и утре (14. и 15. септември 2022 година).
-
УЈИЕ и Светскиот совет за толеранција и мир потпишаа меморандум за соработка за обезбедување на магистерски студии по толеранција и мир
13 септември 2022Универзитетот на Југоисточна Европа и Светскиот совет за толеранција и мир (ССТМ), во понеделник (12. септември 2022 година), потпишаа Меморандум за соработка во областите од заеднички интерес.
-
EXPRESSION OF CONDOLENCE
12 септември 2022EXPRESSION OF CONDOLENCE