Делегацијата ја сочинуваа Томас Мерлот, директор и Ерика Лис, помошник-директор на Центарот за меѓународна соработка на Универзитетот во Северозападен Мисури, а придружувани од Рајан Милер, економски службеник во Амбасадата на САД во Скопје.
На средбата со ректорот Беџети беа разменети искуства и беа разгледани можностите за билатерална институционална соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, особено можноста за размена на студенти меѓу двата универзитети.
Северозападен државен универзитет на Мисури се наоѓа во Марвил, Мисури и е основан во 1905 година.
