Целта на овој договор е развој на заеднички активности меѓу двата универзитета во размената на академски и административен кадар, семестрална размена на студенти или размена во периодот на практикантска работа, учество на семинари, конференции, настани и академски состаноци, размена на академски материјали, како и организирање посебни краткорочни програми.
Двата универзитета ќе развиваат академска соработка на ниво на универзитетски студии, како и развој на истражувачки, научни и културни активности.
