Во својот поздравен говор, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа го изрази своето задоволство од досегашната соработка со фондацијата Шамс од САД. Пред потенцијалните инвеститори, тој презентираше кратка историја на Универзитетот, досегашните достигнувања и иновациите што се имплементираат во наставниот процес и функционирањето на Универзитетот. Ректорот Беџети ја подвлече важноста на соработката со Универзитетот Индијана во САД од формирањето на УЈИЕ со што институцијата се разви на друго ниво.
„УЈИЕ е единствен, тријазичен универзитет и е различен по начинот на кој ја негува и промовира оваа етничка разновидност во земјава. Владата во изминативе години ја ценеше и препознава оваа специфичност на нашиот Универзитет, обезбедувајќи ни финансиска поддршка од 20 % од приходите на буџетот, рече меѓу другото ректорот Беџети.
Претседателот на оваа фондација Камрудин Шамс имаше он лајн презентација за можностите за соработка и работењето на фондацијата Шамс.
„Фондацијата Шамс има две главни цели, едната е обезбедување стипендии по заслуга за студенти на универзитетски студии иангажирање влијателни поединци и истакнати претприемачи, а другата е да обезбеди економска благосостојба (економско зајакнување), за поединци кои сакаат да дејствуваат на глобално ниво“, рече во неговиот говор претседателот Шамс.
„Чест е да се има можност да се види ваква успешна и плодна соработка помеѓу УЈИЕ и фондацијата Шамс. Оваа соработка и сличните ќе ја променат перцепцијата за Северна Македонија и ќе влијаат на промовирање можности за конкретни инвестиции“, рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, во својот говор пред присутните.
Беким Емини, директор на владината агенција за привлекување инвестиции „Инвестирајте во Северна Македонија“, ги презентираше можностите за инвестирање во Република Северна Македонија од перспектива на Владата. Во однос на активностите на Фондот за иновации и развој, презентираше директорот на овој фонд, Фестим Халили.
Симпозиумот го прогласи за отворен и го модерираше проректорката за истражување и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи.
На вториот ден од симпозиумот презентација ќе има проф. Бесник Фетаи, за работата на Бизнис иновејшн сентр и Технолошкиот парк. Учесниците ќе ја посетат Слободната економска зона Тетово, каде што ќе остварат средба со Александар Зарков, директор на Нормак Инвестмент Груп. Исто така, тие ќе ја посетат Стопанската комора на Северозападна Македонија, каде ќе се сретнат со директорот Неби Хоџа и кампусот на УЈИЕ во Скопје, каде што ќе остварат средба со директорот Веланд Рамадани.
