Главната тема на обуката ја презентираше ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој истакна дека во изминативе четири години Универзитетот доживува континуирани промени и сега продолжуваме со натамошниот трансфер во функција на развојот и растот на Универзитетот и од овој аспект и предизвиците со кои се соочуваме, особено со новата генерација, која ја нарекуваме зет (Z )генерација .
Ректорот Беџети во своето излагање се задржа на клучните точки од развојот на Универзитетот и на главните предизвици со кои се соочува УJIE. Тој детално елаборираше за средината во која работиме како високообразовна институција, за нашата академска структура, факултетите, студиските програми и кадарот, со посебен акцент врз човечките ресурси.
„Стандардот останува наша заложба за интернационализација, посветеност на нашиот успешен систем на стипендии, во однос на инвестициите и финансиската одржливост “ рече ректорот Беџети.
Ќе продолжиме со академскиот развој во креирањето на нови понуди и идентификацијата на човечки профили.
Обуката се одвиваше во сесии, каде што на тема „Подобрување на наставата и учењето: превртена училница - вовед и примери од сите факултети“, претставници од факултетите презентираа примери за употреба на некои иновативни наставни практики за да ги направат часовите попривлечни за студентите, а во исто време да ја зголемат нивната автономија и посветеност.
Обуката се одвиваше во сесии, каде што на тема „Подобрување на наставата и учењето: превртената училница - вовед и примери од сите факултети“, претставници од факултетите презентираа примери за употреба на некои иновативни наставни практики за да ги направат часовите попривлечни за студентите, а истовремено да ја зголемат нивната автономија и посветеност.
„Кон подобрување на услугите за студентите: задоволство на клиентите“, беше темата на обуката за административниот кадар што ја одржа Светлана Мисајловска, додека претставниците од Институтот „Макс ван дер Штул“, презентираа на пленарни и проектни сесии - организирани според предлог на овој институт.
„Истражување на идеи за интернационализација и иновација за УЈИЕ да биде на следното ниво на раст и врвен учинок “, беше темата на сесијата што онлајн ја презентираше г. Камрудин Шамс, одговорен на фондацијата „Шамс“.
Во однос на обемот на работа како и продуктивноста и ефикасноста резултатите од оценувањето на студентите според моделот од одделот за студентски сервис директорот на овој Абаз Селмани имаше презентација на тема: „ Бизнис – процес -матрица: опис, сложеност и проценка на обемот на работа- Модел на одделот за студентски сервис “.
На вториот ден од обуката претставници од факултетите ќе ги презентираат најдобрите практики на предавање, учење и оценување.