Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и Светскиот совет за толеранција и мир потпишаа меморандум за соработка за обезбедување на магистерски студии по толеранција и мир

Универзитетот на Југоисточна Европа и Светскиот совет за толеранција и мир (ССТМ), во понеделник (12. септември 2022 година), потпишаа Меморандум за соработка во областите од заеднички интерес.

Примарната цел на потпишувањето на овој меморандум е да се реализира цел на УЈИЕ и ССТМ за водење на заедничката магистерска програма по толеранција и глобални мировни студии и да се наведат принципите и условите за соработка за обезбедување на заедничката диплома.

Со потпишувањето на овој Меморандум, двете страни ќе соработуваат во организацијата на регионални и меѓународни конференции, со цел промовирање на културата на толеранција и мир, во олеснување на размената на официјални посети меѓу двете страни, вклучително и размена на информации како и размена на експертиза, реализација на заеднички истражувачки и академски проекти од областа на толеранцијата и мирот, организирање на студенти за активности во служба на толеранцијата и мирот.

Google+