Најнови информации
-
Проф. д-р Земри Елези е избран за нов претседател на Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа
24 февруари 2022Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа на состанокот одржан во четвртокот (24.02.2022 год.) го избра проф. д-р Земри Елези за нов претседател на ова тело на Универзитетот.
-
Ректорот Беџети оствари средба со професорот од програмата Фулбрајт Крис Долан
22 февруари 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети оствари средба со професорот Крис Долан ангажиран преку Фулбрајт програмата. На средбата присуствуваше и проректорот за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи и директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“, проф.д-р Вели Креци.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола потпишаа договор за соработка
17 февруари 2022Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово и Универзитетот „Св. Климент Охридски - Битола“ (УКЛО), денес (17.02.2022 год.) потпишаа Договор за соработка, со цел координирање на активностите за заедничка работа во повеќе области од заемен интерес, особено во развојот на истражувањето и образованието.
-
Центарот за идни вештини во УЈИЕ и Нормак ќе создадат интелигентна апликација за идни вештини на работниците во различни индустрии
10 февруари 2022Универзитетот на Југоисточна Европа, Центарот за идни вештини (Future Skills Center )и Нормак Инвестмент Груп ја започнаа соработката за создавање на интелигентна апликација, која ќе ги детектира потребните идни вештини на работниците во различни индустрии.
-
Во УЈИЕ ќе се отвори Иновативен центар за применети истражувања и образование
3 февруари 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денеска (3.02.2022), придружуван од генералниот секретар, д-р. Џеваир Мемеди, одржа работна средба со директорот на Бирото за регионален развој (БРР) , г. Рамиз Реџепи и директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион(ЦРППР) , г. Фатмир Саити.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа е на трето место во Република Северна Македонија според „Вебометрикс“
2 февруари 2022Универзитетот на Југоисточна Европа е на трето место во Република Северна Македонија според „Вебометрикс“
-
УЈИЕ и Колеџот Хајмерер потпишаа два конкретни договори за поддршка на Факултетот за здравствени науки
28 јануари 2022По потпишувањето на рамковниот договор, Универзитетот на Југоисточна Европа и колеџот Хајмерер, во продолжение на конкретизирањето на соработката, денес (28.01.2022 година), во Тетово, потпишаа два конкретни договори, едниот за неоткривање доверливи информации, а другиот за соработка во областа на здравствените науки и основање заедничко трговско друштво. Договорите ги потпишаа ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и претседателот на Управниот одбор на колеџот Хајмерер, проф. д-р Петрит Беќири.
-
Се отвори изложбата на дела од студенти од прва и втора година на „Архитектура и дизајн“
28 јануари 2022Студентите од студиската програма „ Архитектура и дизајн“ на Факултетот за современи науки и технологии денеска (28.01.2022 год.) ја отворија Изложбата со своите дела изработени во првиот и во третиот семестар.
-
Високиот комесар на ОБСЕ Каират Абдрахманов во посета на УЈИЕ
19 јануари 2022Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдрахманов, придружуван од амбасадорот на ОБСЕ во Северна Македонија, Клеменс Која и тим советници, во рамките на неговата посета на Северна Македонија, денеска (19.01.2022), го посети Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Се одржа традиционалната прес-конференција на УЈИЕ - ректорот Беџети најави отворање на Факултетот за здравствени науки и Центарот за регионален развој
30 декември 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, придружуван од членовите на раководството, денес по повод крајот на годината (30.12.2021) ја одржа традиционалната прес-конференција со новинарите.
-
Два нови проекти го збогатуваат портфолиото за проекти на Институтот „Макс ван дер Штул“ за 2021 година
23 декември 2021EMINDFUL & UNDILECO
-
Делегација од Универзитетот во Призрен „Укшин Хоти“ во посета на УЈИЕ
17 декември 2021Делегација од Универзитетот во Призрен „Укшин Хоти“, предводена од ректорот проф. д-р Самедин Крабај, денеска (17.12.2021 година) го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Делегацијата ја прими ректорот на УЈИЕ- акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети придружуван од другите членови на раководството на УЈИЕ.
-
Агрон Демири е реизбран за претседател на Студентското собрание и асоцијација на УЈИЕ
14 декември 2021Членовите на Студентското собрание и асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа,на конститутивната средба што се одржа денеска (14.12.2021 год.) го избраа Агрон Демири за претседател со мандат од една година.
-
Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети одржа пристапно предавање во Академијата на науки и уметности во Косово
3 декември 2021Поради околностите создадени од пандемијата КОВИД 19, со речиси една година доцнење, вчера (02.12.2021 год.) се одржа пристапното предавање на акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети на Академијата на науките и уметностите на Косово во Приштина се одржа. Во оваа прилика согласно нормите на Академијата, на новиот член Уверението му го врачи претседателот на Академијата, акад. Мехмет Краја.
-
Честитики за 28 ноември
28 ноември 2021Честитки за 28 ноември
-
Библиотеката „Макс ван дер Штул“ прогласена за „Библиотека на годината“ во Северна Македонија
26 ноември 2021Библиотекарското здружение на Македонија за 2021 година, во категоријата библиотеки на високото образование, ја додели наградата „Библиотека на годината“ на Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“.
-
Правниот факултет одржа трибина по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените
26 ноември 2021Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа со трибината,која се одржа во четврток (25.11.2021 година)и на која присуствуваше и министерката за правда на Република Косово, Албулена Хаџиу, го одбележа Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
-
Телеграма со сочувство до семејството на Хатиџе Ислами
23 ноември 2021Телеграма со сочувство до семејството на Хатиџе Ислами
-
Телеграма со сочувство
23 ноември 2021Телеграма со сочувство
-
Ректорот на Универзитетот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети на сите Албанци им го честита 22.ноември - Денот на обединетата азбука на албанскиот јазик.
22 ноември 2021Ректорот на Универзитетот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети на сите Албанци им го честита 22.ноември - Денот на обединетата азбука на албанскиот јазик.