Изборот го направи специјално назначена стручна комисија, која ги оценуваше критериумите како што се: квалитетна и креативна работа, обезбедување пристап до услуги за корисниците од сите возрасти и заедницата воопшто, обезбедување електронски пристап до услуги и книги, обука за стапката на аплицирање, сеопфатна партнерства и видлива поддршка од пошироката заедница на библиотеката.
Врз основа на материјалите и содржините доставени во пријавата, Комисијата одлучи дека Библиотеката „Макс ван дер Штул“ ги исполнила критериумите на највисоко ниво за оваа година за да ја добие наградата „Библиотека на годината“, се вели во соопштението на Библиотекарско здружение на Македонија.
Официјалното доделување на наградите ќе се одржи на 7. декември 2021 година (вторник), во просториите на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
