COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа традиционалната прес-конференција на УЈИЕ - ректорот Беџети најави отворање на Факултетот за здравствени науки и Центарот за регионален развој

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, придружуван од членовите на раководството, денес по повод крајот на годината (30.12.2021) ја одржа традиционалната прес-конференција со новинарите.

УЈИЕ во оваа година на пандемија успеа да го продолжи и унапреди претходно постигнатиот успех и за среќа по три семестри доминантниот дел од предавањата можевме да ги одржиме со физичко присуство и физичко учество на студентите со околу 95%, рече ректорот Беџети. Тој ја опиша 2021 година како многу успешна, поделувајќи го овој успех на три главни точки.

Првата точка е рекордниот број на запишани нови студенти во оваа академска 2021-2022 година. Уписите се многу успешни бидејќи во сите три циклуси е пропорционално распореден. Ако се гледа по регионална и јазична дистрибуција, пропорционално, 2/3 од студентите се запишани во Кампусот во Тетово и 1/3 во Кампусот во Скопје. Што се однесува до јазичната распределба, 72% од новите студенти студираат на албански јазик, 8% на македонски и 20% на англиски јазик. Половата распределба е исто така многу значајна, каде што 52% од учениците се женски и 48% машки. Втората точка се однесува на напредокот во научните публикации во релевантните списанија, доминирајќи во оние со импакт фактори, со постојано зголемување на бројот. Имаме зголемување на бројот на реализирани проекти. Третата точка се однесува на имплементацијата на проектите поддржани од надворешни донатори. Имаме враќање на интересот на донаторите за УЈИЕ, особено во финансирањето на проектите. Тековно на овој план имаме два проекта, iCane и NextSkills поддржани од меѓународни донатори, институции од локалната самоуправа и институции од централната власт“, рече ректорот Беџети.

Во однос на другите достигнувања, ректорот Беџети особено се осврна на извонредните резултати на Технолошкиот парк. Тој рече дека сме имале 68 старт-ап компании, каде што се отворени 203 нови работни места, а финансискиот промет е околу 2,5 милиони евра.

Во однос на интернационализацијата, ректорот Беџети рече дека оваа година за прв пат оваа компонента доби вистинска форма со доаѓањето на група студенти од Таџикистан и Пакистан, кои студираат на англиски јазик и сите имаат стипендии финансирани од САД, односно од фондацијата Шамс.

Ректорот Беџети на оваа средба со новинарите јавно го објави отворањето на Центарот за регионален развој, кој ќе биде на УЈИЕ и е проект поддржан од Националното биро за регионален развој.

„Градежните работи ќе започнат пролетта 2022 година. Многу брзо овие денови, штом ќе се договориме, целиот Сектор за локален економски развој, односно 32 вработени ќе биде префрлен во просториите на УЈИЕ. Тоа значи создавање на многу- потребен е триаголник на соработка меѓу академијата, високообразовните институции, науката, бизнис-заедницата и општинската заедница“, истакна ректорот Беџети.

Ректорот Беџети посвети особено внимание на проширувањето на студиско-програмската понуда со отворање на нов факултет, односно шести факултет - Факултет за здравствени науки, со тригодишни стручни студии и две насоки студии за медицински сестри и за физиотерапија.

„Во текот на изминатиов период ја подготвивме целата документација и добивме одобрение за Статутарните измени на УЈИЕ од Владата и Одборот. Денеска на дневен ред на Владата е и одобрувањето на извештајот за отворање на новата академска единица на УЈИЕ и доколку работите одат како и досега, во новиот Конкурс за запишување студенти за следната академска година ќе ја имаме програмската понуда од овој факултет“, рече меѓу другото на прес- конференцијата ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Google+