Тема на работната средба беше почетокот на имплементацијата на проектот – Зајакнато партнерство за Полог (Power Partnership for Polog- PP4P), каде партнери во реализацијата на проектот се: УЈИЕ и ЦРППР, додека БРР ќе го финансира и следи спроведувањето на истиот. За проектот е аплицирано минатото лето и беше одобрен од БРР на крајот на минатата година. Буџетот за проектот е 10 милиони денари и мора целосно да се реализира во текот на оваа календарска година.
Проектот предвидува искористување на просторот и формирање заеднички институт при УЈИЕ, кој ќе служи како Центар за иновации и трансфер на технологии во Полошкиот регион - Иновативен центар за применети истражувања и едукација, помеѓу партнери од јавниот сектор. , академската заедница, бизнис- заедницата и граѓанското општество.
