COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Два нови проекти го збогатуваат портфолиото за проекти на Институтот „Макс ван дер Штул“ за 2021 година

EMINDFUL & UNDILECO

Институтот „Макс ван дер Штул“ (МВДШ) со гордост објавува за два ново добиени истражувачки проекти, истовремено зголемувајќи го портфолиото на проекти на УЈИЕ за 2021 година https://mvdsi.seeu.edu.mk/projects/. Еден од добиените проекти E-MINDFUL се занимава со истражување и медиумско производство на иновативни прототипови за подигање на свеста за позитивниот социоекономски придонес на емигрантите во општествата кои ги прифаќаат. Проектот е финансиран од Меѓународната организација на трудот (МОТ) и ОБСЕ кои ги опфаќаат земјите од ЕУ и од Западен Балкан. Додека со предлог-проектот раководеше Единицата за координација на проектот предводена од г. Африм Треси, основан под МВДШ, неговиот истражувачки тим е составен на начин што носи интердисциплинарност со вклучување на академскиот кадар од Факултетот за јазици, култури комуникација (ЈКК) и Факултетот за современи општествени науки (ФСОН).

Вториот добиен проект насловен „Универзитетски предавачи за дигитално учење за ученици во ризик - (УПДУР)“ е проект Еразмус + во партнерство со нашите партнерски универзитети од Шпанија, Германија и Словенија. Проектот има за цел да ги обучи членовите на ризичните групи, како што се децата од сиромашни семејства, групите на малцинствата како Роми, семејства бегалци и други ранливи групи во општеството со цел да се здобијат со дигитални вештини при подобрување на инклузијата. Овој проект се очекува да генерира дигитални тренери од вработените на УЈИЕ кои ќе обезбедат обука за обучувачи за граѓанското општество со цел да се зголеми заедницата на обучувачи кои ќе допрат до ранливите групи.

Google+