Високиот комесар Каират Абдрахманов беше примен од ректорот акад. д-р Абдулменаф Беџети придружуван од проректорот за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи и генералниот секретар, д-р Џеваир Мемеди. На средбата беше истакната одличната соработка меѓу двете институции, а беа разгледани и можностите за заеднички активности.
Комесарот Абдрахманов изјави интерес за функционирањето на УЈИЕ, за достигнувањата и предизвиците за иднината, како и за улогата на оваа институција како модел на високото образование во Северна Македонија и во регионов. Ректорот Беџети го информираше комесарот Абдракманов за позицијата на УЈИЕ во областа на високото образование во Северна Македонија и во регионов, целите што ги има оваа институција за да го зголеми бројот на студенти од странство. Ректорот Беџети го истакна и фактот дека Универзитетот е добар пример во регионов за функционирање на мултикултурализмот и флексибилната употреба на јазиците. Комесарот Каират Абдрахманов рече дека е импресиониран од она што го видел и слушнал за влијанието на Универзитетот на Југоисточна Европа врз општеството. Тој нагласи дека следната година (2023), кога РСМ ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ, оваа институција треба да биде извор на човечки и инфраструктурен потенцијал за успешно претседавање со организацијата.
ОБСЕ, преку високиот комесар, Макс ван дер Штул, беше клучен актер и иницијатор за основање на Универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година.
