Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф. д-р Земри Елези е избран за нов претседател на Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа

Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа на состанокот одржан во четвртокот (24.02.2022 год.) го избра проф. д-р Земри Елези за нов претседател на ова тело на Универзитетот.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, му се заблагодари на досегашниот претседавач, проф. д-р Насир Селими, за сработеното, посветеноста и соработката за доброто на Универзитетот и му честита на новиот претседател на Сенатот, проф. д-р Земри Елези, посакувајќи му успешна работа и резултати во работата на чело на Сенатот.

Сенатот е главниот орган за академски работи на Универзитетот.

Google+