Договорот беше потпишан на УЈИЕ, во Тетово, од ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.
УЈИЕ и УКЛО, меѓу другото, ќе организираат додипломски и постдипломски студии и ќе разменат искуства, методи и дидактички процедури за студиски програми, во одредени области. Исто така, двете институции ќе организираат и реализираат истражувачки проекти и ќе разменат информации и резултати од истражувањето.
