Ректорот Беџети го информираше професорот Долан за функционирањето на Универзитетот, врските и соработките со универзитетите во САД и за идните планови за проширување на студиската понуда и зајакнување и зголемување на меѓу универзитетската соработка.
Д-р Крис Џ. Долан е професор по политички науки и директор на магистерски студии за наука, интелигенција и безбедност на Колеџот Либанска долина (Lebanon Valley). Тековно е Фулбрајт американски научник (2021-2022) за безбедносни студии на Институтот „Макс Ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Северна Македонија. Неговиот прв Фулбрајт беше на Универзитетот во Приштина, Косово во 2019-2020 година. Долан пишува статии за национална безбедност во The Hill и е автор на четири книги и повеќе од триесет статии со меѓуколегијална рецензија.
