Најнови информации
-
Ректорот на УЈИЕ, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети учествува на Меѓуректорската конференција, организирана од Националната агенција за европски студиски програми и мобилност што се одржува во Скопје
26 мај 2021Тема на дискусија на оваа конференција која се одржува денеска (26 мај 2021 година) во Скопје е интернационализацијата на високото образование во РСМ и зголемување на соработката со високообразовните институции во ЕУ и светските земји, со цел да се привлечат студентите да студираат во РСМ.
-
Се отвори Форензичка лабораторија на УЈИЕ – прва и уникатна која функционира во рамките на Универзитет
20 мај 2021На свечена церемонија со сечење на лента од ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (20. мај 2021 год.), беше отворена Форензичка лабораторија на Универзитетот на Југоисточна Европа, која функционира во рамките на Правниот факултет.
-
УЈИЕ ќе го прошири шумскиот појас и зеленилото во Кампусот во Тетово
30 април 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денеска (30. април 2021 година), оствари средба со министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и неговите соработници.
-
Се потпиша меморандум за соработка помеѓу УЈИЕ и Нормак Инвестмент Груп за можностите за вработување на студентите
16 април 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа - акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и генералниот директор на Нормак Инвестмент Груп АД Тетово, Александар Зарков, денес (16.04. 2021 год.), потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување директна комуникација помеѓу двете институции. На церемонијата на потпишување присуствуваше и Претседателот на Управниот одбор на Нормак Инвестмент Груп, г. Аки Етеми.
-
Телеграма на сочувство по повод смртта на Патрик О 'Меара ,заменик-ректор на Универзитетот во Индијана
31 март 2021Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во свое име и во име на вработените на УЈИЕ, испрати телеграма со сочувство до семејството и раководството на Универзитетот, по повод смртта на Патрик О'Меара, професор и заменик-ректор на Универзитетот во Индијана (УИ).
-
УЈИЕ се здоби со Еразмус-повелба за високо образование за периодот 2021 - 2027 година
19 март 2021Универзитетот во Југоисточна Европа се здоби со Еразмус-повелба за високо образование за периодот 2021 - 2027 година, оваа Повелба е издадена од Европската комисија.
-
Посета на извршниот директор на Меѓународниот бизнис колеџ Митровица на УЈИЕ
18 март 2021Извршниот директор на Меѓународниот бизнис колеџ Митровица (International Business College – IBC-M), проф. д-р Хери Туомола, денес (18.03.2021), го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и оствари средба со ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
-
Посета на делегација на Универзитетот од Урошевац на УЈИЕ
15 март 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (15. март) оствари средба со делегација од Универзитетот за применети науки од Урошевац, предводена од ректорот на овој универзитет, проф. д-р Агрон Бајрактари.
-
Вебинар за реформите во образованието наставници по англиски јазик
15 март 2021На вебинарот организиран од Факултетот за јазици, култури и комуникација / Катедрата за англиски јазик се собраа 35 учесници од земјава и регионов и ги дискутираа реформите во образованието на наставници по англиски јазик во Балканскиот регион.
-
Пописот не е само статистичка операција бидејќи резултира со правни и уставни ефекти - Дебата на УЈИЕ за пописот на населението во РСМ
11 март 2021На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, денес (11.03.2021год.) се одржа јавна дебата за процесот за попис во Република Северна Македонија, на тема: „Потребата од подигнување на јавната свест за пописот во Република Северна Македонија“. Главни панелисти на дебатата беа проф. д-р Јетон Шасивари, проф. д-р Демуш Бајрами и проф. д-р Али Пајазити.
-
Ректорот Беџети испрати телеграма со сочувство по повод смртта на проф. Зејнулах Груда
8 март 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, по повод смртта на проф. Зејнулах Груда, преку телеграма изрази најискрено сочувство до семејството на починатиот.
-
УЈИЕ еден од најуспешните универзитети во спроведувањето на проекти и размена на студенти преку Еразмус +
3 март 2021Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (3. март 2021 година), имаше работна средба со делегацијата на Националната агенција за европски студиски програми и мобилност, предводена од в.д. директорот Марко Георгиевски.
-
Се одржа втората меѓународна конференција за општествени науки и владеењето на право
1 март 2021Дали владите наоѓаат вистинска рамнотежа помеѓу јавното здравство и владеењето на правото, или одат многу подалеку? Ова беше едно од прашањата на кои научниците од различни универзитети од земјава и од регионов се обидоа да одговорат на Втората меѓународна научна конференција за правни и општествени науки, насловена како „Владеење на правото, управување и општество“, која се одржа во саботата (27.февруари, 2021 год.), на Универзитетот во Југоисточна Европа.
-
УЈИЕ донира училиштен прибор на Гимназијата во Гостивар и Воспитно -поправниот дом
23 февруари 2021Како дел од својата мисија и општествената одговорност, Универзитетот на Југоисточна Европа донираше училиштен прибор на Воспитно-поправниот дом - Тетово и на Средното општинско училиште „Гостивар“ во Гостивар.
-
Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа стана дел од Европската асоцијација на правни факултети
19 февруари 2021Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа од 03 февруари 2021 година официјално стана дел од престижната мрежа на европски правни факултети - Европската асоцијација на правни факултети - ЕЛФА (European Association of Law Faculties-ELFA), чиј членови се и Правниот факултет од Загреб, Љубљана, Цирих, Виена, Единбург, Линколн, Салцбург, Брисел, Грац, Даблин, Копенхаген итн., што меѓу другото обезбедува и овозможува учество на Правниот факултет на УЈИЕ како член во сите активности организирани од асоцијацијата.
-
Официјално се отвори Младинскиот ресурсен центар – проект имплементиран од УЈИЕ
18 февруари 2021Со посебна церемонија, денес (18.02.2021 год.), во Гостивар официјално се отвори Младинскиот ресурсен центар (МРЦ). Отворањето на овој центар е поддржано преку проектот на Швајцарската агенција за соработка и развој и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а кофинансиран од Општина Гостивар. Проектот го имплементира Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Се отвори изложба на дела од еден семестар на студентите по „Архитектура и дизајн“ на УЈИЕ
12 февруари 2021Факултетот за современи науки и технологии, денес (12.02.2021 год.) ја отвори Изложбата на дела од студентите по „Архитектура и дизајн“. За прв пат во Северна Македонија се организира изложба на дела од студенти од оваа област од првиот семестар.
-
Актерот Бајруш Мјаку го посети УЈИЕ и ја донираше книгата „Мудрост и глупост“
3 февруари 2021Познатиот албански актер и творец, Бајруш Мјаку, денес (3. февруари 2021 година), го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и во оваа прилика на Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ и подари неколку примероци од неговата најнова книга „Мудрост и глупост “. Меѓународно реномираниот актер, Бајруш Мјаку оствари средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, со кого, во пријателска атмосфера, разменија мислења за образовните актуелни настани, но и за театарската култура.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа e рангиран на вторo место во Северна Македонија според „Вебометрикс“
3 февруари 2021Меѓународно реномираната веб-страница Вебометрикс, на последната листа објавена на крајот на јануари, го рангираше Универзитетот на Југоисточна Европа на второто место, меѓу најдобрите универзитети во Северна Македонија, веднаш по универзитетот во Скопје „Свети Кирил и Методиј“. Академските и научните перформанси на УЈИЕ исто така се докажуваат на регионално ниво, каде е рангиран на трето место веднаш по Универзитетот во Тирана и Универзитетот во Приштина и прв од сите албански универзитети со сличен статус но и од приватните.
-
Се продлабочува соработката помеѓу УЈИЕ и Италијанската амбасада
28 јануари 2021Делегација од Италијанската амбасада во Република Северна Македонија, предводена од новиот амбасадор НЕ Андреа Силвестри, денес (28.01.2021 год.) го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Делегацијата оствари средба со ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи.