Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети им се заблагодари на учесниците за соработката и за придонесот. За да се осигури одржливоста на овој центар и по завршувањето на тригодишниот период тој ги замоли сите напорно да работат и ги повика младите да се вклучат и да ја стекнат потребната експертиза за пазарот на трудот.
„Концептот и структурата на овој центар и експертизата на УЈИЕ, на овие групи ќе им овозможат обука и можности да бидат покомпатибилни со потребите на пазарот на трудот, додека на младите ќе им овозможат пореално да ја пронајдат професијата преку разни обуки, совети и работилници со цел да ги изразат своите вештини и да ги реализираат соништата.“, истакна ректорот Беџети.
Координаторот на Младинскиот ресурсен центар, Азир Алиу, рече дека идејата за отворање на ваков центар започна во УЈИЕ, со оглед на искуството, подготвениот кадар и визијата да има директно општествено влијание. Азири вети дека по една година повторно ќе имаме средба за да ги објавиме конкретните резултати од овој центар.
На церемонијата обраќање имаше и Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер која истакна дека во времето на современиот економски и деловен развој многу е важна соработката помеѓу бизнисот и универзитетите.
Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан ги повика младите да се приклучат на центарот, но не само поради финансиските придобивки, туку да реализираат идеи и да отворат сопствени бизниси.
Во својот поздравен говор, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, рече дека ова е трет центар за млади што е отворен во Гостивар и тие докажаа дека соработката меѓу различни институции секогаш носи конкретни резултати.
Воведено обраќање имаше и министерката за труд и социјална политика на Северна Македонија, Јагода Шахпаска која ги презентираше приоритетите на Владата за поддршка на проекти за самовработување и вработување на младите.
МРЦ функционира како центар за иновации и ресурси за вработување, како и самовработување на млади, со фокус на идните работни места. Центарот ги збогатува и проширува услугите што студентите ги имаат на Кампусот на Универзитетот на ЈИЕ, додека програмата вклучува и ученици од основните и од средните училишта.