Европската асоцијација на правни факултети денес брои повеќе од 150 члена од четириесет и девет земји и четири континенти и е основана за да го подобри квалитетот на правното образование во Европа.
Асоцијацијата обезбедува платформа за дискутирање и координирање на правното образование и научното правно истражување, вклучително и размена на ставови и добри практики меѓу членовите за предизвиците поврзани со правното образование воопшто, како што се: признавање на стекнатото учење во други земји, мобилноста на студентите и академскиот кадар, дигиталното образование, процесот на реформа на правното образование во Европа, унапредување на соработката меѓу универзитетите во Европа, градење на заеднички правни истражувачки капацитети и застапеност на правните факултети виз-а-ви европските институции, националните образовни институции и здруженијата на адвокати и обвинители.
