„Нашиот универзитет, благодарение на работата на целиот кадар и особено академскиот кадар, континуитетот на реформите во одржување и зголемување на квалитетот, работењето со студенти и политиката на континуирани промени постигнува одлични меѓународни перформанси. Познавањето на нашата работа нè мотивира и нè поттикнува да работиме уште понапорно и сите заедно да постигнеме уште подобри резултати, во сите аспекти и особено во академската понуда и квалитетот на наставата. Универзитетот покажа адаптивна состојба и стана не само имплементатор на модели, туку и креатор и промотор на нови модели во високото образование “, вели ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
Во споредба со 2016 година, кога УЈИЕ беше рангиран на 7741 место во светот, во 2020 година забележа голем од 3283 места и сега е рангиран на 4458 место, и највисоко рангиран универзитет во регионот според академските перформанси.
Универзитетот на Југоисточна Европа постигна позитивни резултати според сите показатели, почнувајќи од присуството, видливоста, бројот на цитати и објавувањето на научни трудови на академскиот кадар.
Универзитетот на Југоисточна Европа оваа година ќе ја одбележи 20. годишнината од основањето и во текот на овие години отсекогаш водеше политика на континуирано прилагодување кон меѓународните трендови на управување и квалитетна испорака на сите нивоа.
Рангирањето на Вебометрикс беше објавено на крајот на јануари 2021 година.
