Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ еден од најуспешните универзитети во спроведувањето на проекти и размена на студенти преку Еразмус +

Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (3. март 2021 година), имаше работна средба со делегацијата на Националната агенција за европски студиски програми и мобилност, предводена од в.д. директорот Марко Георгиевски.

На средбата се говореше за досегашната успешна соработка и за потребата од нејзино интензивирање.

„Ние меѓусебно оценивме дека УЈИЕ е меѓу институциите со најинтензивна соработка, како како по бројот на проекти, така и по бројот на размена на студенти во рамките на програмата Еразмус + пропорционално на големината на Универзитетот“, рече ректорот Беџети.

Двете страни, исто така, оценија дека понатамошната меѓусебна поддршка ќе биде уште поинтензивна поради ефикасноста и капацитетот за имплементација на Универзитетот во проектите на Еразмус.

Ректорот Беџети и директорот Георгиевски се согласија дека растечкиот потенцијал на можностите на оваа програма создава дополнителна мотивација за понатамошно зголемување на степенот на искористување на овие можности од даночните обврзници на ЕУ.

Универзитетот на Југоисточна Европа тековно спроведува осум проекти од програмата Еразмус + и секоја година во просек над 60 студенти одат на размена на најпознатите европски универзитети во рамките на програмата за мобилност Еразмус +.

Google+