За време на посетата, која имаше информативен карактер се разговараше за продолжување на соработката со амбасадата и за понатамошно зајакнување на меѓусебните врски и партнерства.
Ректорот Беџети го информираше амбасадорот Силвестери за актуелните случувања во УЈИЕ, начинот на функционирање, раководството на Универзитетот и некои од приоритетите на Универзитетот во блиска иднина.
Проректорката Арифи, направи ретроспектива на соработката на нашиот универзитет со италијанската амбасада и универзитетите.
На состанокот беше потенциран успехот во спроведувањето на италијанскиот јазик како изборен предмет на Универзитетот и интересот на студентите да го учат овој јазик е многу голем.
Тековно десетици заеднички проекти се спроведуваат помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и најпознатите италијански универзитети.
