„Професорот О’Меара беше една од водечките фигури во воспоставувањето и развојот на соработката меѓу УИ и УЈИЕ, од почетокот, во 2001 година, во својство на декан на програмите за меѓународна соработка до сега како заменик-ректор“, се вели во телеграмата на сочувство.
Универзитетот во Југоисточна Европа изгуби голем пријател и поддржувач, додека Универзитетот во Индијана изгуби вистински амбасадор и посветен професор по програмите за меѓународна соработка и меѓународни односи.