Конференцијата беше организирана од Правниот факултет и Факултетот за современи општествени науки на УЈИЕ.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети имаше воведно излагање во кое високо ја оцени улогата што академијата ја има во смисла на проучување на функционирањето на правото и владеењето за време на пандемијата.
Главни говорници на конференцијата беа: проф. Рудина Јасини, од Правниот факултет на Универзитетот во Оксфорд и проф. Анамарија Муса, од Правниот факултет на Универзитетот во Загреб. Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Аднан Јашари и деканот на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мемет Мемети.
Конференцијата се одржа во четири сесии на кои беа презентирани научни трудови на теми како што се: „Владеењето на правото и човековите права во време на пандемија“, „Предизвици и можности за управување во ерата на пандемијата“; „Нова општествена нормалност“ и „Спроведување на правдата во времето на пандемијата“.
Учесниците на конференцијата презентираа научни трудови и демонстрираа добри практики на владеење на правото и управување во време на пандемија.
