Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети изрази ентузијазам за постигнатиот успех на студентите, кои се првата генерација на оваа студиска програма.
„Вие сте првите кои ќе го изодите патот на хоризонталниот развој на Универзитетот, што всушност значи проширување кон техничките науки“ истакна ректорот Беџети.
Студентите ги изложија своите дела од првиот семестар преку конкретни архитектонски цртежи; основа, изглед, карактеристично сечење, обработен аналоген модел на дрво и по избор, но исто така и компјутерски модел.
