Целта на средбата беше да се разгледа можноста за меѓусебна соработка и постигнување партнерство во развојот и проширувањето на шумскиот појас и на зеленилото во Кампусот со придобивка и за пошироката заедница.
Ректорот Беџети, зборуваше за мерките кои ги превзема Универзитетот во насока на зачувување на животната средина, постигнување на целта за нула емисија на јаглерод и други активности, кои не се само во корист на студентите туку и за заедницата.
„Ние ја развиваме идејата за зеленило во Кампусот со оптимални чекори, истовремено одржувајќи ја и позицијата лидер во сите овие аспекти од животната средина, каде придобивката е сеопфатна, првично за здравјето на заедницата со нашиот придонес и со нашата цел да емитуваме нула СО2.“ рече Ректорот Беџети.
Министерот Хоџа, ја нагласи важноста на соработката на министерството кој тој го води и образовните институции, посебно со Универзитетот на Југоисточна Европа.
На крај на средбата, на министерот Хоџа му беше доставено барањето и елаборатот на идејниот проект во кој се предвидува и уредување на велосипедска и пешачка патека долж целиот Кампус.
Кампусот на УЈИЕ како целина зафаќа површина од 200.000 квадратни метри, од кои 95 000 квадратни метри се зелено и одржувано земјиште.
