Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ се здоби со Еразмус-повелба за високо образование за периодот 2021 - 2027 година

Универзитетот во Југоисточна Европа се здоби со Еразмус-повелба за високо образование за периодот 2021 - 2027 година, оваа Повелба е издадена од Европската комисија.

Документот претставува пасош на нашиов Универзитет, кој ни овозможува да учествуваме во сите европски и меѓународни проекти кои се финансирани од Европската комисија преку програмата Еразмус.

Овој сертификат му овозможува на УЈИЕ да спроведува активности за успешно спроведување на сите програми на Еразмус, вклучително мобилност и истражувачки проекти според истата програма финансирана од ЕК.

УЈИЕ и оваа година е корисник на грантот за реализација на размена на студенти и вработени во рамките на Програмата Еразмус +, каде што се предвидува во просек околу 70 студенти и 20 претставници од кадарот да го искористат ова право.

Google+