„На состанокот беа разменети меѓусебни информации за начинот на организирање и функционирање на двете институции со сличности во некои аспекти, но со разлики во големината и одржливоста. Имавме дискусии и за досегашната соработка во заедничкиот проект STAND (Strengthening university autonomy and increasing accountability and transparency of Western Balkan Universities -Зајакнување на универзитетската автономија и зголемување на одговорностa и транспарентноста на универзитетите од Западен Балкан), под раководство на IBC-M каде УЈИЕ е дел од конзорциумот на проектот. “, рече ректорот Беџети
Врз основа на ова, беа дискутирани конкретни форми на соработка во заеднички научни проекти со меѓународни донации, особено оние од Европската комисија, каде што УЈИЕ е во процес на аплицирање и го покани IBC-M за партнерство.
