Вкупно 33 столови, 15 училишни клупи, 4 бироа и две магнетни табли беа донирани во Средното училиште во Гостивар. Вкупно 2 училишни клупи , 1 магнетна табла и 4 столови беа донирани во Воспитно-поправниот дом.
Универзитетот на Југоисточна Европа одговори позитивно на барањето на овие институции да им се обезбедат училишни материјали потребни за успешно реализирање на нивната секојдневна работа.
УЈИЕ годишно донира училиштен прибор, но и компјутери, ИТ-опрема главно на средни и основни училишта, како и на здравствени установи и организации кои работаат со маргинализирани групи во општеството.
Само во текот на 2020 година, УЈИЕ донираше околу 50 компјутери и опрема во вредност од над 100 илјади евра на основните и средните училишта.
