Најнови информации
-
УЈИЕ ја одбележа 20.годишнината од основањето
19 ноември 2021Универзитетот на Југоисточна Европа на свечена церемонија, денеска (19.11.2021 год.) ја одбележа 20.годишнината од основањето и го промовираше почесниот лауреат доктор хонорис кауза проф.д-р Пол Фостер.
-
Професорот Веланд Рамадани од Универзитетот на Југоисточна Европа меѓу 2% од највлијателните научници во светот
17 ноември 2021Професорот Веланд Рамадани од Факултетот за бизнис и економија - Универзитетот на Југоисточна Европа е рангиран меѓу 2% од највлијателните научници во светот од Република Северна Македонија.
-
Средба со поранешните студенти по повод 20. годишнината на Универзитетот
17 ноември 2021Прославата на 20.годишнината од основањето на УЈИЕ беше поводот што ги собра на едно место поранешните студенти –алумни од сите генерации, во вторник (16.11.2021 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Ректорот Беџети оствари средба со студентите во неделата за одбележување на годишнината на Универзитетот
15 ноември 2021„20 години производство на знаење“, беше темата на средбата на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети со студенти во организација на Студентското собрание и асоцијација што се реализираше во понеделник (15.11.2021 год.).
-
Беше промовиран проектот „Иницијатива за младите во приватниот сектор“
10 ноември 2021На Универзитетот на Југоисточна Европа денеска (10.11.2021 год.) беше промовиран проектот „Иницијатива за млади во приватниот сектор“, кој го спроведува невладината организација „Моја кариера“. Проектот е поддржан од Европската банка за реконструкција и развој и претставници од канцеларијата на Тајван во Италија.
-
УЈИЕ и колеџот Хајмерер потпишаа Договор за соработка
8 ноември 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и извршниот директор и соосновач на колеџот Хајмерер, проф. д-р Петрит Беќири, на 5 ноември 2021 година во Тетово потпишаа Договор за соработка во областа на високото образование и истражување.
-
Нова донација од Центарот за управување со кризи за лабораторијата за виртуелна и аугментирна реалност на УЈИЕ
5 ноември 2021Соработката меѓу УЈИЕ и Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува со нова донација од ЦУК за лабораторијата за виртуелна и аугментирана реалност на УЈИЕ.
-
Се отвори првиот центар за идни вештини во Северна Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа Future Skills Center #SkillsNext
5 ноември 2021Во четвртокот (4. ноември) на Универзитетот на Југоисточна Европа беше отворен Центарот за идни вештини #SkillsNext, чија реализација беше овозможена во рамките на проектот „Премостување на јазот во вештини за создавање нови и подобри работни места“ поддржан од Британската амбасада, Програмата за развој на Обединетите нации- УНДП, Фонд за иновации и технолошки развој во Северна Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Институтот „Макс ван дер Штул“ го доби проектот на Хоризонт 2020 за платежни системи со технологијата Блокчејн
4 ноември 2021Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), односно Институтот „Макс ван дер Штул“ е победник на престижниот Отворен повик од проектот Horizon 2020 Fed4Fire+.
-
Средба на Центарот #Skillsnext со Фондот за иновации и управување на УНДП
22 октомври 2021Делегација од Фондот за иновации, предводена од Ирена Ѓоргиевска и УНДП, предводена од Сузана Ахмед, во четвртокот (21.10.2021) го посетија #SkillsNext центарот на УЈИЕ. Делегациите остварија средби со претставниците на Центарот и менаџерот на проектот проф. д-р. Азир Алиу.
-
Професорот Дан Фелнер Фулбрајт специјалист оствари средба со ректорот Беџети
19 октомври 2021Дан Фелнер, придружен факултет со Меликијанскиот центар за руски, евроазиски и источноевропски студии на Државниот универзитет во Аризона, ќе предава на Универзитетот на Југоисточна Европа 5 недели како дел од програмата Фулбрајт.
-
Џим Лофтон - специјалист по право и Фулбрајт професор од САД ќе предава на студентите од Правниот факултет на УЈИЕ
5 октомври 2021Д-р Џим Лофтон, Фулбрајт професор од САД, ќе биде ангажиран во текот на академската 2021-22 година. Тој ќе предава на студенти на магистерски студии за владеење на правото и вештини за застапување, како и конструирање на правна аргументација преку Правната клиника „Про Боно“, која функционира во рамките на Правниот факултет.
-
-
Во УЈИЕ се одржа меѓународна научна конференција по повод Меѓународниот ден на преводот
30 септември 2021По повод Меѓународниот ден на преводот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, на 29 и 30 септември 2021 година, се одржа меѓународна научна конференција на тема „Терминологија и нејзината улога во разбирањето на професионалниот јазик“.
-
Сенатот на Универзитетот го избра д-р Пол М. Фостер Доктор хонорис кауза
28 септември 2021Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа, на состанокот одржан денеска (28.09.2021 година), одлучи да му ја додели титулата Доктор хонорис кауза на д-р Пол М. Фостер, Јр.
-
Ориентациони денови на УЈИЕ - традиционални приеми за бруцоши
22 септември 2021Во рамките на активностите „Ориентациони денови“ и почетокот на новата академска година, со свечена церемонија ,со почитување на здравствените протоколи, денес (22.09.2021), на Универзитетот на Југоисточна Европа, на Кампусот во Тетово и во Скопје се одржаа традиционални приеми на студентите од прва година.
-
УЈИЕ учесник на вежбата на НАТО за справување со кризи во Охрид
20 септември 2021Вежбата „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“, коорганизирана од Евро-атлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи во Северна Македонија, ќе се спроведе од 20 до 23 септември 2021 година на подрачјето на Охрид и Струга, Северна Македонија.
-
Ректорот Беџети, панелист на Енергетскиот форум во Скопје
14 септември 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети, како панелист учествуваше на Македонскиот енергетски форум во организација на ЗИП Институтот и Амбасадата на САД во Скопје, што се одржа во Скопје на 13. и 14. септември. Ректорот Беџети зборуваше на панелот на тема „Зелени финансии и достапни инструменти за финансирање“.
-
Комеморативна седница организирана во чест на починатата професорка Емине Зендели
14 септември 2021На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во вторникот (14. септември 2021 година), беше организирана комеморативна средба во чест на покојната професорка Емине Зендели - вработени и поранешна деканка на Правниот факултет на УЈИЕ.
-
Ректорот Беџети активен учесник на конференцијата за економско заздравување и раст по Ковид
9 септември 2021„Економско заздравување и раст по Ковид“ беше темата на конференцијата организирана во рамките на Економскиот и финансиски форум, што се одржа во Скопје на 6. и 7. септември, во организација на Министерството за финансии на Северна Македонија.