Д-р Лофтон оствари средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, со кого дискутираа за академските тековни работи на Универзитетот и неговиот придонес во областа на правдата, особено за реформите во судскиот систем.
Професорот Лофтон го прими проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи. Тој оствари средба и со деканот на Правниот факултет, проф. д-р Аднан Јашари. Потоа, д-р Лофтон присуствуваше на состанокот на Наставно-научниот совет на Правниот факултет.
Тој работел како адвокат во САД, повеќе од 30 години, работел и во Министерството за правда во Вашингтон, бил Фулбрајт професор на Универзитетот Билкент во Анкара, како и специјалист по право во Киев, Украина. Д-р Лофтон бил и соработник на Универзитетот Кембриџ.
