Списокот го подготви тричлен тим од Универзитетот Стенфорд, предводен од професорот Џон П. А. Јоанидис.
Професорот Рамадани, вели дека е чест и благодарност да се биде меѓу 2% од највлијателните научници во светот, според бројот на цитати на авторски научни трудови по втор пат, бидејќи и минатата година беше на листата на Универзитетот Стенфорд.
„Со многу работа, вмрежување со светски познати автори, безусловна семејна поддршка и од Универзитетот на Југоисточна Европа, успеав да бидам дел од светските регистри од ваков ранг и карактер“, вели проф. д-р Веланд Рамадани.
Листата од 2% од највлијателните научници во светот за 2021 година е резултат на сеопфатна анализа за научници од Универзитетот Стенфорд, за чие составување се анализирани голем број индикатори, како што се: вкупниот број на објавени трудови, цитирања, х-индекс на цитати, поминати години од првото објавено дело на научникот, како и целокупното влијание во соодветното поле на истражување.
Студијата на Универзитетот Стенфорд вклучува рангирање од 7 милиони научници од целиот свет, од 22 области и 176 под-полиња на студии.
