Конференцијата беше организирана од Агенцијата за имплементација на јазиците на Република Северна Македонија и Факултетот за јазици, култури и комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Пригоден говор на отворањето на конференцијата имаше Проректорката за истражување и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, која ја истакна важноста на јазикот како средство за подобро разбирање едни со други.
„УЈИЕ е институција која разви политика за флексибилна употреба на јазиците и е позитивен пример каде паралелната употреба на три официјални јазици функционира одлично“, рече проректорката Арифи.
Таа им се заблагодари на учесниците за нивниот придонес и нагласи дека УЈИЕ е и секогаш ќе остане место каде што ќе можат да ги презентираат своите идеи и професионална работа.
Се очекува трудовите од оваа конференција да бидат објавени во посебна издание.
