На овој многу конкурентен повик беа поднесени 34 предлози од водечки универзитети во ЕУ и индустриски мали и средни претпријатија. Горди сме што комисијата за евалуација и избор го додели предлогот за финансирање на Институтот МВДШ заедно со три други предлози (https://www.fed4fire.eu/news/discover-the-9th-open-call-winners/).
Темата на проектот се однесува на проблемот на платежните системи, користејќи блокчејн технологија како посредник (како замена за банките). Всушност, предложениот систем (и кој е имплементиран), сега треба да се тестира на вистински (безжични) уреди во Антверпен, Белгија и Даблин, Ирска.
Целта на Институтот „Макс ван дер Штул“ е да изгради капацитети со ангажирање на етаблирани истражувачи со меѓународно искуство и ангажирање на што е можно повеќе студенти во проекти, особено на магистерски и на докторски студии.
Имплементацијата на проектот започнува во ноември 2021 година оваа година и ќе заврши во јули 2022 година.
