COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ја одбележа 20.годишнината од основањето

Универзитетот на Југоисточна Европа на свечена церемонија, денеска (19.11.2021 год.) ја одбележа 20.годишнината од основањето и го промовираше почесниот лауреат доктор хонорис кауза проф.д-р Пол Фостер.

На свеченоста присуствуваа: Амбасадорката на САД во Северна Македонија-Кејт Брнс, Шефот на Делегацијата на ЕУ-Дејвид Гир, Шефот на мисијата на ОБСЕ-Клеменс Која, министерката за образование и наука-Мила Царовска, министерот за финансии-Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање-Насер Нуредини, градоначалникот на Тетово-Билал Касами, градоначалникот на Чаир-Висар Ганиу, претставници на регулаторните тела во областа на високото образование во Северна Македонија, ректори и претставници на бизнис- заедницата и други значајни гости.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, рече дека ноември е истакнат месец во историјата на нашата заедница. Тоа е време кога се одбележуваат важни национални датуми. Денеска ја славиме 20.годишнината од основањето на нашиот универзитет, а два дена подоцна ќе ја одбележиме 113.годишнината од обединетата азбука на албанскиот јазик. Ова се два значајни празници и тие се меѓусебно поврзани.Универзитетот е храм на високото образование, а Денот на азбуката е основата на нашиот национален интелектуализам и култура.

Зборувајќи за достигнувањата на Универзитетот, ректорот Беџети истакна дека УЈИЕ успешно го продолжува својот пат како единствен тријазичен универзитет, со над 30 студиски програми за додипломски студии, над 40 студиски програми од вториот циклус, 3 специјалистички програми и 12 студиски програми од третиот циклус на студии, со вкупно над 4000 активни студенти.

Во своето обраќање, ректорот Беџети ги издвои целите и патот на Универзитетот во иднина и се заблагодари за континуираната поддршка на високообразовните институции, со посебен акцент на Министерството за образование и наука, Министерството за финансии, регулаторните и надзорните тела на ВО, неуморните меѓународни донатори - на кои уште еднаш јавно им се заблагодари и истакна дека ќе продолжиме со нашата посветеност на стандардите за квалитет, флексибилноста на пазарот, мултикултурните вредности, постојаната интернационализација и дигитализација, меѓууниверзитетската соработка во земјава и во странство, секогаш потпирајќи се на принципот на конкуренција во соработка.

„Денеска одбележуваме 20 години од основањето на првиот универзитет во Република Северна Македонија, формиран по единствен модел на јавно-приватно партнерство и преставува модел не само во земјава туку и по широко во регионот. Оваа годишнина е значајна за вас како академска заедница, но важна и за државата“, рече министерката за образование и наука-Мила Царовска.

„Ми претставува задоволство да учествувам во име на Соединетите Американски Држави и заедно да ја прославиме оваа годишнина. Оваа недела е исто така Меѓународна недела на образование, совршен момент да се истакне силната врска што постои од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа и САД“, рече во својот говор, амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнс.

Лауреатот за доктор хонорис кауза, Пол Фостер, му се заблагодари на ректорот Беџети, со кого рече дека интензивно соработувал овие 20 години.

„Задоволен сум што го гледам УЈИЕ во толку добри околности и уверен сум дека под ваше водство Универзитетот ќе продолжи да расте“, рече проф. д-р Пол Фостер.

По повод 20. годишнината, во знак на благодарност УЈИЕ додели признанија и плакети на државните институции, главните донатори- амбасадите, компаниите со кои соработува и на истакнати личности кои придонесоа за развојот на Универзитетот.

За уметничкиот дел на настанот беа ангажирани познатите уметници од класичната музика, Бесарта Муртезани, Шкелзен Бафтијари, Лулеса Пајазити и Лабинот Абдурамани.

Google+