На оваа средба, алумните имаа можност да се сретнат со професори, декани, раководниот кадар на Универзитетот и директно да добијат информации за достигнувањата, предизвиците и плановите за иднината. Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во својот воведен говор пред алумните ја промовираше Универзитетската монографија за овие 20 години развој.
„Дваесетгодишнината е посебна јубилејна прослава, бидејќи денес имаме посебни резултати да споделиме со вас. Имаме алумни распространети насекаде, не само во земјава и регионов, туку и во целиот свет. Вие имате директно влијание врз градењето добрата репутација на Универзитетот, без разлика дали е научна, академска или професионална, затоа е важно да знаете во која насока оди вашата Алма Матер институција“, рече ректорот акад. д-р Абдулменаф Беџети.
Во името на алумните од соодветните факултети за нивното искуство во УЈИЕ и влијанието што УЈИЕ го има врз нивните кариери, зборуваа: Пранвера Касами (Факултет за современи општествени науки), Семра Рамадани (Правен факултет), Вјоса Исмаили (Факултет за јазици, култури и комуникација), Лутви Адеми (Факултет за бизнис и економија) и Тамара Стојчевска (Факултет за современи науки и технологии).