COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се отвори Форензичка лабораторија на УЈИЕ – прва и уникатна која функционира во рамките на Универзитет

На свечена церемонија со сечење на лента од ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (20. мај 2021 год.), беше отворена Форензичка лабораторија на Универзитетот на Југоисточна Европа, која функционира во рамките на Правниот факултет.

Ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, им се заблагодари на студентите и на вработените на Правниот факултет и експертите ангажирани во рамките на овој факултет за посветеноста и ангажираноста за успешно отворање и работење на лабораторијата. Тој рече дека, по отворањето на Правната клиника и сега Форензичката лабораторија, Правниот факултет станува лидер во земјата и во регионов во обука на студенти во судската пракса.

„Нашата цел, како Универзитет, отсекогаш била нашите студенти да имаат можност да ги применат во пракса теоретските знаења кои ги добиваат со одличен квалитет за време на студиите. Со книгите не може да се научи се, а со практичната работа студентите се обучуваат професионално“, рече ректорот Беџети во неговото обраќање.

Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Аднан Јашари, во својот говор се заблагодари на ректорот за дадената поддршка, како и на експертите ангажирани во формирањето и функционирањето на лабораторијата.

„Ова е втора лабораторија која се отвора во рамките на Правниот факултет и со ова опфативме голем дел од правната пракса. „Нашите планови се да продолжиме со прагматизмот на знаењето и посветеноста на што поголем број експерти од оваа област“, рече деканот, проф. д-р Аднан Јашари.

Одговорната на лабораторијата, проф. д-р Блерта Арифи-Ахмеди, рече дека отворањето на оваа лабораторија е големо достигнување за Универзитетот и за Правниот факултет.

„Лабораторијата ќе им овозможи на нашите студенти професионално да се истакнат на пазарот на трудот“, рече Блерта Арифи.

Студентите кои студираат Криминалистика и безбедност демонстрираа дел од реализацијата на практикантската работа со употреба на опрема и алатки од Форензичката лабораторија.

Ова е уникатна лабораторија, прва што работи во рамките на универзитетите во Северна Македонија и е опремена да придонесе за професионална обука на студентите која им е потребна за пазарот на трудот.

Google+