COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Пописот не е само статистичка операција бидејќи резултира со правни и уставни ефекти - Дебата на УЈИЕ за пописот на населението во РСМ

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, денес (11.03.2021год.) се одржа јавна дебата за процесот за попис во Република Северна Македонија, на тема: „Потребата од подигнување на јавната свест за пописот во Република Северна Македонија“. Главни панелисти на дебатата беа проф. д-р Јетон Шасивари, проф. д-р Демуш Бајрами и проф. д-р Али Пајазити.

Организацијата на оваа дебата беше со цел да се подигне свеста кај граѓаните да учествуваат во пописот на најорганизиран и на најмасовен начин.

Дебатата беше организирана на иницијатива на ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој одржа воведен говор и зборуваше за пописот како исклучително важен процес.

Длабоко сум убеден дека овој процес не може да биде само техничка операција, бидејќи истиот резултира со правни и уставни ефекти“, рече ректорот Беџети.

Во врска со активностите што тековно се преземаат во однос на спроведувањето на процесот за попис, ректорот Беџети, зборуваше во својство на заменик-претседател на Државната комисија за попис од 2011 година. Тој направи споредба на тогашниот закон и сегашниот закон за попис и нагласи два клучни моменти.

„Во Законот од 2011 година имаше два главни спорни аспекти: двосмисленоста во врска со попишувањето на дијаспората и меѓуетничката доверба и довербата кон институциите која беше на многу ниско ниво. Не велам дека сега има поголема меѓуетничка доверба, но новиот Закон создаде механизми за заштита, како што е механизмот со поврзан потпис помеѓу директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, додека во претходниот закон албанските претставници немаа право на вето. Многу малко е потребно за да се наштети на процесо, но за да се реализира истиот со кредибилитет потребна е напорна работа од сите заинтересирани страни, па поради тои и ја организираме оваа дебата за подигнување на свеста“ рече ректорот Беџети.

Во однос на предизвиците за попис, ректорот Беџети го сврте вниманието кон доказите за внатрешна миграција и можноста за двојно попишување.

Проф. д-р Али Пајазити, зборуваше за социјалниот аспект на пописот на населението, што се одвива во контекст на поделено или кревко општество.

„На Балканот се води жестока борба за бројките, затоа е наша национална обврска да се попишуваме и да ги повикаме нашите роднини и познаници масовно да се попишат и да го потврдат нашето присуство“, рече проф. Пајазити.

Проф. д-р Јетон Шасивари, рече дека со одржување на оваа дебата, ние како Универзитет докажуваме дека сме таму каде што се одвиваат општествените процеси.

„Законот за попис на населението има понапредна правна основа од онаа во 2011 година“, нагласи проф. Шасивари.

Како комуниколог, проф. д-р Демуш Бајрами, зборуваше за аспектот на испраќање веродостојни информации до граѓаните, така што да нема дезинформации и лажни вести кои би му наштетиле на овој процес.

„ Треба да има широк медиумски публицитет и на социјалните мрежи како многу важен и неопходен момент за понатамошните текови на самата држава“, рече проф. Бајрами.

Во дебатата учествуваа и претставници на Студентското собрание и асоцијација, како и други студенти кои поставуваа прашања и даваа мислења на темата.

Google+