COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се потпиша меморандум за соработка помеѓу УЈИЕ и Нормак Инвестмент Груп за можностите за вработување на студентите

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа - акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и генералниот директор на Нормак Инвестмент Груп АД Тетово, Александар Зарков, денес (16.04. 2021 год.), потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување директна комуникација помеѓу двете институции. На церемонијата на потпишување присуствуваше и Претседателот на Управниот одбор на Нормак Инвестмент Груп, г. Аки Етеми.

Главната цел на меморандумот е преку размена на информации за понудата и побарувачката на работна сила да се создадат можности за вработување од страна на Нормак Инвестициона Груп за сегашните студенти и дипломци на УЈИЕ.

„За Универзитетот на Југоисточна Европа приоритет е соработката со деловниот сектор не само преку создавање нови работни места, туку и при развивање на студиски програми преку кои ќе се подготви кадар со знаење и вештини во согласност со барањата на пазарот на трудот. Во последната деценија на пазарот на трудот има асиметрична ситуација, каде од една страна има голема невработеност, а од друга страна недостасуваат одредени профили кои се потребни на пазарот на трудот. Преку соработката со Слободната индустриска зона во Тетово, се очекува да се создадат можности за директни комуникации и вистинско вработување на студентите и на дипломираните студенти од нашиов Универзитет“, изјави ректорот Беџети

Планирани се над 1.000 работни места за следниов период во рамките на Зоната и за оваа цел сакаме да им помогнеме на студентите кои имаат потенцијал да бидат вработени во која било од сегашните и идните инвестиции во оваа област. Добрата соработка помеѓу деловниот сектор и образовните институции е ориентација која може многу да придонесе за намалување на невработеноста, создавајќи соодветна рамка во согласност со потребите на компаниите “, изјави Зарков.

Со овој меморандум се предвидува организација на обука на кадарот за тековните и за потенцијалните вработени, како и реализација на практична работа на студентите од УЈИЕ според потребите и интересите на компаниите во Слободната индустриска зона во Тетово

Нормак Инвестмент Груп АД Тетово управува со работата на технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, според договорот за јавно приватно партнерство, потпишан со Владата на Република Северна Македонија, во 2013 година.

Google+